Пред неколку дена разговарав со една пријателка околку семејната култура на сеќавања, и за заговорот на тишина што постои скоро во сите семејства, односно има премолчен договор, во семејството да не се разговара за војна. Таа истакна дека единствениот пат кога мајка ѝ зборувала за таа тема е кога ѝ рекла дека во сето тоа лудило од војната, кога не сте сигурни дали излегувањето ќе ве чини живот, таа се обидувала да работи, да заработи пари, за да може да купи храна за неа и за нејзиниот брат.
Ваквиот семеен наратив сличен е во скоро сите семејства, жените биле тие кои го носеле товарот да се грижат за децата и да одржуваат живот за време на војната. Иако во нашата култура на сеќавање, на жените генерално им беше доделена улогата на згрижувачка мајка и „глава“ на семејството, жените имале и имаат многу поголема улога во сите овие процеси.
Култура на сеќавања
Имено, поимот култура на сеќавања може да се дефинира како збир на механизми и процеси со кои општеството пренесува, обликува и одржува настани од минатото, создавајќи основа врз која се толкува сегашноста и се создава иднината. Според зборовите на Johон Гилис: „Работниците, етничките малцинства, младите луѓе и жените добија поспор пристап до националните сеќавања дури и од начинот на кој беа примени во националните и образовните институции. Најмногу ја чувствуваа загубата на минатото доминантните машки елити кои се видоа на врвот на напредокот, и најмногу инсистираа да се обнови и зачува минатото. До неодамна, мажите беа единствените што беа комеморирани. Жените и малцинствата честопати служат како симболи на „изгубено“ минато, носталгично сфатено и романтично конструирано, но нивните вистински животи многу лесно се забораваат. “[1]
Сведоци сме дека културата на сеќавање на Босна и Херцеговина се заснова на култот на бранители и херои – мажи, па прашањето е, дали во културата на сеќавањата постои тенденција на култура на заборавање за сè што им се случило на жените?
Како да заборавиме дека 9901 жени загинаа во војната во Боцна и Херцеговина, според босанската книга на мртвите [2], а имињата на само некои од нив се напишани на споменици или меморијали кои се посветени на жртвите од војната, а на тие жени воглавно се сеќаваат членови на нивните семејства кои ги посетуваат нивните гробови и го поставуваат прашањето за правда.Како успеавме да заборавиме дека за време на претходната војна, според проценките на ООН, меѓу 20 и 50.000 жени биле изложени на сексуална злоупотреба, кои денес се на маргините на општеството и се борат да постигнат минимални права. Како сме заборавиле дека жените беа бегалци, кои не само што останаа бездомници, туку и без пријателски и роднински врски, и дека и покрај сè, членовите на нивните семејства создадоа слика за животот како да е сè нормално. И, како заборавивме дека беа жените тие кои, во виорот на војната, ги започнаа првите антивоени дејствија и со тоа се обидоа да ѝ укажат на јавноста за сето тоа што ќе се случи потоа?
Што не смееме да заборавиме?
Жените ги иницираа и воедеа процесите на соочување со минатото, и бараа одговорност и казнување на сторителите на воените злосторници. Жените се хероини кои без оружје ги ставија процесите за справување со минатото во фокусот на јавноста, а тие се оние што сфатиле дека градењето односи меѓу луѓето може да биде основа за конфликт, но исто така може да биде основа за долготрајно разрешување. Жените беа оние кои неуморно се бореа да ги воспостават расипаните односи и да градат доверба кај немите и обесправени граѓани. Дека се жените хероини кои го иницираа процесот за соочување со минатото, покажува и иницијативата осми декември да се обележува како ден на сеќавања на страдањата на жените во војната во Босна и Херцеговина, настанала како активност на иницијативата мир за жените со желба да се укаже на важноста за одбележување на денот во кој ќе се оддаде почит на сите жени кои страдале во војната. Не го знам одговорот на прашањето до кога жените ќе продолжат да имаат сила за вакви активности и процеси. Знам само дека мора да продолжиме да се бориме, дека е заедничка должност да ги поддржуваме во нивниот пат и да не дозволиме историјата да продолжи да ја заобиколува улогата на жените во мировните процеси.
Мирјана Трифковиќ по пофесија е дипломиран правник и активист за мир. Таа е жена со многу адреси на живеење и различни градови. Преку различни иницијативи, таа придонесува за соочување со минатото и градење мир. Сака да работи со млади затоа што тие се двигатели на подобар и поправичен свет. Живее и работи во Сараево.
______________________________________________________________________
[1] John R. Gillis . Pamćenje i identite: povijest jednog odnosa, u: Kultura pamćenja i historija, Maja Brkljačić, Sandra Prlenda, Zagreb, 2006
[2] https://maticarproslosti.files.wordpress.com/2019/12/bosanska-knjiga-mrtvih_tom-i.pdf