“Да не се повтори!”: Tраумата се уште трае за жртвите на граѓанската војна на Босна и Херцеговина и по 20 години.

Автор: Штефани Kелер
{Фото: Штефани Келер}

Извор: http://www.rebellesociety.com/2015/12/02/not-to-be-repeated-ongoing-trauma-for-victims-of-bosnia-herzegovina-civil-war-20-years-later/

“Жени преку граници” е глобална кампања за да се подигне свеста за прашањето на сексуално насилство околу светот. Фотографот и извршниот продуцент, Штефани Келер, отпатува во различни земји од Балканот во 2015 година да ги интервјуира преживеаните жени на сексуално насилство и експерти во оваа област. Дел од кампањата е лична порака од секој преживеан кој е фотографиран. Нејзините искуства ќе бидат објавени во серија написи кои ги документираат  приказните на жените во секоја од земјите кои таа ги посети.

Кога  прв  пат го договорив интервјуто со Хасија, не бев свесна дека таа е една од првите жени која сведочила пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг. Ги знаев само имињата на моите гости, за да се обезбеди целосна приватност. Како што започна нашиот дијалог, ми спомна дека таа веќе не  чувствува потреба да зборува за нејзините искуства, но таа беше мотивирана да учествува во кампањата бидејќи има потреба од повеќе Хасии. Hасија дала многу интервјуа и игра важна улога во расветлување на злосторствата на војната во 90-тите. Малку разочарана од исходот на поранешните интервјуа, таа чувствува дека таа сама не може да смени ништо.

Во мај 1992 година, кога за прв пат почна војната, Хасија била донесена од нејзиниот дом,имала 22 години и била чувана во еден од воените логори за речиси 2 месеци.Постојано била силувана од страна на многу српски војници. Хасија била најмладата жена во кампот. Таа живеела во тогашната српска територија. Таткото на војникот кој ја киднапирл,а ја препознал, и помогнал да избега, со автобус. Отишла да живее во околината на Сараево, не знаејќи дали нејзиното семејство уште живее. За жал, виновниците никогаш не биле изведени пред суд.

Денес  таа живее со својата мајка и помлади браќа и сестри, и е главен поддржувач на семејството. Таа добива оштета преку фонд за жртвите-цивили на војната, што не е достапна за сите жени во Босна и Херцеговина (БиХ), но само оние кои живеат во Федерацијата на Босна. Процесот на постигнување на ваков статус  е тежок, и често ги враќа траумите. Хасија се уште се бори против траумата низ која помина и покрај помошта што ја добила.Имав чувство дека  таа се чувствува измамена и дека очекуваше повеќе од женската организација . Затоа што  многу жени умреле без воопшто да ги раскажат своите приказни.Хасија се прашува дали доби нешто со тоа што ја раскажа нејзината приказна.Би  била добредојдена поголема поддршка за жените како неа, особено финансиска, во однос на домување и вработување, се уште нема никакви промени.

Д-р Наталија Жанин Кларк, доцент на Правниот факултет на Универзитетот во Бирмингем, ги испитува  долгорочните последици на силувањето во Босна, и работи со ”Снага Жене” (The Power of Women), во кантонот Тузла, од октомври 2014 година. Има искуство во меѓународните односи и транзициската правда. Во 90-тите, имаше зголемување на бројот на книги за силување, кажува таа, но малку се објавени. Таа вели: “Со цел да се разбере  транзициската правда, треба да се разберат  долгорочните потреби на жртвите.” Преку интервјуата со преживеаните од војната, таа сака да се разјасни тоа, и се надева дека нејзината книга ќе помогне да се подигне јавната свест за ова прашање.

Во една конзервативна земја како што е БиХ, дури и теми како рак на дојка се табу. Затоа, потребни се повеќе кампањи за да се помогне во обуката и да се смени менталитетот на луѓето. Иако нема  официјална статистика која ја поддржува оваа бројка, се верува дека околу 20.000 жени биле силувани за време на војната во 90-тите. Денес, многу од нив страдаат од семејно насилство како директен резултат на траума нанесена тогаш. Д-р Кларк вели, “Комбинацијата на високо трауматизирани лица во лоша економска ситуација, и мажи кои не се способни да ја исполнат нивната патријархална улога  да се грижат за своите семејства заради невработеност, е катастрофална комбинација. И никој не го решава овој проблем. “

Слично како катастрофалните ситуации во други делови на светот, многу пари влегоа во Балканот по војната и надежта за јакнење беше голема. Сега, донаторите го загубија својот интерес; веќе не се зборува за сеуште постоечките проблеми , економијата стагнира, а корупцијата е огромна. Медиумите се толку сензационализирани што без убиства нема интересни вести и целата работа во државата им припаѓа на невладините организации.

“Жене женама” (Жени на жени), организацијата која ме поврза со Хасија, е основана во 1997 година и е една од организациите на жените на БиХ во Сараево, која се фокусира на човековите права на сите жени во Босна и Херцеговина, ја поттикнува соработката на социјалните мрежи на локално ниво, и гарантира дека им се дава важност на потребите на жените и тоа во тесна соработка со владата, медиумите и други невладини организации. Во анкетата спроведена во 2014 година, тие се обидоа да ги најдат  четирите главни прашања кои не им дозвволуваат на жените да се истакнат во општеството. 400 жени и мажи во БиХ (руралните и  урбаните средини) учествуваа. Овие беа резултатите:

1. Многу жени се уште не ги знаат своите права,

2. Семејното насилство врз жените и децата е широко распространето,

3. Иако законите за заштита на жените од насилство постојат, тие не се спроведуваат

4. Жените се во неповолна положба на пазарот на труд, и во достапноста на работни места и еднаква плата.

За да биде темата сексуално насилство помалку табу, Хасија укажува на тоа дека законот треба да се смени. Законот за заштита на цивилните жртви на војната не е специфичен за преживеани на сексуално насилство, бидејќи ги вклучува оние кои се здобиле со други повреди. Ако тие средства беа насочени само кон жртвите на силување, процесот на аплицирање за таков статус, ќе беше помалку сложен и застрашувачки за оние кои се засегнати, и достапноста ќе беше поголема за пошироката јавност. Таа очекува кампањи во училиштата,и како резултат луѓето ќе бидат поотворени за слушање на домашно против сексуалното насилство.

Д-р Кларк  ги потврдува пречките кои ги имаат  преживаените жени: не можат да заспијат, флешбекови,не сакаат да бидат во затворени  простории или да останат сами. И како што видов  во мојата работа со жените во САД,  некои жени беа неверојатно еластични и брзо се претворијаод жртва во преживеан. Другите се уште се заробени во улога на жртва. Разликата беше во тоа како тие се справуваа со нивната траума. Д-р Кларк го споменува богатството наречено подршка во областите како што се Тузла наспроти повеќе рурални средини каде што помошта не е на располагање на жртвите. Оние кои имаат добра емоционална поддршка, најверојатно, ќе имаат подобра шанса за опоравување. Но, таа вели: “Не е доволно да се излекува  умот на човекот . Треба да му се даде причина  да живее “.

Д-р Бранка Антиќ-Штаубер, основач на “Снага Жене” во Тузла, БиХ, е одличен пример за тоа како нивната работа ја трансформира животите на другите. Нејзинaта медицинскa позадина и долгорочна работа со жените, непосредно пред војната  и дозволи да учи и да го разбере влијанието на стресот врз здравјето на жената. На Снага Жене, тие опслужуваат повеќе генерации во мултидисциплинарни програми. Во Тузла, околу 5.000 луѓе, главно жени и деца, се уште живеат во кампови. Мајки без многу образование и кои се исто така многу потресени и  се справуваат со сопствените емоционални и психолошки проблеми, сега треба да ги превземаат  улогите на нивните починати мажи и да се грижат за семејствата. Децата често се оставени сами на себе. Траумата  од нивните мајки сега се пренесува на помладите генерации; децата растат со не еден, туку три вистини за тоа што се случило за време на војната, во зависност на која етничка група  припаѓаат. Ова води кон континуиран риф меѓу секоја група. На Снага Жене, им се нуди советување на деца на возраст од 3-6 , средства за решавање на конфликти, патологија на говорот, како и општа подготовка  за тоа како да се биде посветен  студент. Тие се учат дека жртви на војната постојат во секоја група, и дека зависи од човекот  дали тие ќе продолжат да ги оправдаат своите одлуки денес врз основа на војната пред 20 години.

Снага Жене исто така, ги придружува жртвите на војната на судската постапка, и ги подготвува за расправи. Чудно, сторителите  имаат право да им поставуваат прашања на нивните жртви, но не и обратно. Во нивните хортикултурни програми, жените заинтересирани во градинарството можат да работат во пластеници или во ниви, растат и берат лаванда, невен и ехинацеа. Нивото на хормоните се директно погодени од работа на отворено, и со допирање на почвата и растенијата. Лаванда, невен и ехинацеа имаат позитивен ефект врз духовното, менталното и физичкото тело. Со избалансирани хормони, здравјето на тироидната жлезда, жолчката и црниот дроб се зголемува, исто така, и  целокупното здравје на жените се подобрува. Има прекрасен ефект врз жените кои работат во ниви, како и на оние околу нив. Она што започна со само 7 жени, сега опфаќа 72 жени во оваа конкретна програма. Неверојатни резултати.

Да се вратиме  на Хасија, имам надеж дека нејзината приказна не служи само за да ги охрабри другите жени да проговорат и да ги споделат своите приказни, но дека оние споделени искуства на крајот ќе доведат до промени во законите и континуирана финансиска помош од национални и глобални заедници. Таа е извонредно силна жена.Се збогатив што се запознав со таква жена.

Нејзиниот цитат избран за оваа кампања ја повторува пораката која таа ја испрати многу пати: “Да не се повтори” (da se ne ponovi !!!)
*****

Штефани Келер е новинар и фотограф која живее во Калифорнија. Нејзината цел, со “Жени преку граници” е обединување на жените од целиот свет да се документира  болката која ја имаат како резултат на сексуалното насилство и пристапот за опоравување  за да се претворат од жртва во преживеан. Нејзината работа започна во САД и успешно продолжи во вид на интервјуа со луѓе од различни балкански држави и Германија. Нејзините статии вклучуваат фото есеи на преживеани жени и се платформи каде можат да ја раскажат својата приказна. Нејзината дејност може да се прочита на Женската меѓународна перспектива. Визијата на Штефани е да го претвори овој проект во глобална кампања за подигање на свеста за проблемот наречен  сексуално насилство.