Косово им оддаде почит на женските воени жртви на Денот на жената

Извор: balkaninsight.com


За да се одбележи Меѓународниот ден на жената, косовските власти да им оддадоа почит на  женските жртви на војната и беше прикажан документарниот филм во парламентот за сексуално насилство за време на конфликтот во 1999 година.

Петрит Чолаку, БИРН Приштина

Фото: Почит беше оддаден на женските жртви од војната на споменикот во близина на парламентот. Фото: Косовскиот парламент.

Парламентот на Косово во вторникот прикажа документарен филм за жени- жртви на сексуално насилство за време на војната од страна на српските сили.

Филмот ја демонстрираше минато годишната кампања за свеста за силување за време на војната, со наслов “Мислиме на тебе”, при што луѓето донираа фустани во знак на почит кон жртвите.

Парламентарниот спикер Кадри Весели, рече дека Косово се сеќава на жртвите и придонесите кои жените ги дадоа на патот кон независноста на земјата.

“Многу од жените кои ги преживеале ужасите на војната и понатаму се соочуваа со нехумани дела извршени врз нив “, рече Весели.

Претседателката Атифете Јахјага го пофали документарецот за неговата директност и вистинитост.

“Тоа е приказна која ја открива големата неправда врз невиниот косовски народ. Во него се опишува суровата вистина на војната која има за цел да ги оживее чувствата на страв и потиснување “, рече Јахјага.

Весели и премиерот, Иса Мустафа, исто така, му оддадоа почит на споменикот на хероини на војната “пред парламентот во Приштина.