Образование и транзициска правда: Можности и предизвици за градење мир [извештај]

Линк:http://www.recom.link/education-and-transitional-justice-opportunities-and-challenges-for-peacebuilding-report/

Да се ​​добие посилно разбирање за тоа како образованието може да им помогне на земјите кои се справуваат со наследството од конфликтите и масовни злосторства, ИЦТП почна соработка со УНИЦЕФ за амбициозниот проект за испитување на врските помеѓу образованието и транзициската правда во контекстот на градење на мирот.

По повеќе од две и пол години на разгледување искуства во девет земји, и опфаќање голем број на теми, ИЦТП и УНИЦЕФ ЈА ја лансираa “Образование и транзициска правда: Можности и предизвици за градење на мир”– извештај што ги истакнува главните наоди на деталното истражување и обезбедува креатори на политики и практичари со практични упатства за поврзување на образованието во развојот на мерки  за транзициска правда.

Еден од главните наоди на проектот означен од страна на Рамирез-Барат е дека образовните системи се повеќе се вплеткуваат во конфликтот отколку  се мисли. “Не е само идејата дека образованието може да помогне да се прикаже нова порака за промени”, вели Рамирез-Барат. ” Образованието  е всушност институција или дел од општествената конструкција која треба да се промени.”

На пример, за време на вооружениот конфликт во Перу во 1980-тите бунтовничката група Светлечката Патека  често ги регрутираше децата од училиштата во маргинализираните рурални средини. Во такви случаи, постои потреба за длабоки реформи, дури и за училишна култура, наставна програма, и наставници.

“Студијата не тера да гледаме на образованието од друга перспектива и да го цениме тоа како образованието може да се злоупотреби и  да има конструктивна улога”, рече Афолтер.

Опишувајќи од гледната точка на УНИЦЕФ, како снабдувач на образование во кризните земји , Афолтер забележува дека образованието понекогаш може да се користи за решавање на неправдите. Тој укажува на искуството со Чиле, каде што беа дадени стипендии на жртвите на тортура и нивните потомци, како еден вид оштета .

Но, додека образованието може да придонесе многу за транзициска правда, во извештајот се открива дека постојат предизвици да се надминат.Дути ја наведува имплементацијата како главна пречка.

“Многу често, комисии за вистината даваат препораки за промени во образованието, но тие само делумно се спроведуваат или се игнорираат целосно”, изјави Дути.

Дути вели дека ограничувањата на имплементација често паѓаат во две категории. Во постконфликтните земји, капацитетите и ресурсите за реформи често не се доволни. Во Сиера Леоне, на пример, процесот за поврзување на образовните реформи  со транзициската правда беше попречен поради тоа што образовната инфраструктура во земјата е длабоко оштетена од војната.

Политички ограничувања, исто така, влијаат на спроведувањето на мерките базирани на образование. Националните и локалните власти можеби  се незаинтересирани или самите училишта  се колебаат да се справат со раздорни прашања во училницата.

“Заедниците и родителите на учениците исто така може да се спротивстават на мерки”, рече Дути, укажувајќи на Босна и Северна Ирска, како примери на земји каде поделбите во општеството  ја прават реформата на образованието тешка.

Додека  проектот за истражување откри сериозни предизвици во справувањето со минатото, преку образование, Дути нагласува дека ограничена промена се уште може да биде важна. “Се уште може да им се помогне на жртвите во обид за надминување на вистински пречки за пристап до образование, па дури и со сите предизвици”, додаде тој.

Афолтер предупредува дека експертите треба да бидат реални за тоа што може и не може образованието  да  постигне.

 “Мораме да се запрашаме како ги претставуваме темите, како ги дискутираме историите, на начин на кој има влијание”, рече Афолтер. “Затоа што само презентирање нешто во училница ,  можеби нема  да ги донесе потребните последици и  потребниот ефект што се надеваме дека ќе се постигне.”

На долг рок, вели Рамирез-Барат, нивното истражување има откриено многу предизвици, но исто така и многу можности за донесување на рамки за транзициска правда  кога размислуваме за реформа на образованието. Но, овој проект е само почетен обид во  недоволно истражена област. Има уште многу да се направи за да се зајакне улогата на образованието во транзициската правда и да се градат општества кои можат подобро да го спречат повторувањето на насилството.

Книга на оваа тема ќе биде објавена во пролет 2016. За повеќе информации за проектот, посетете ја веб страницата на проектот.

ICTJ-UNICEF-Report-EducationTJ-2015 [Report in PDF]