Директорот на Музејот на жртвите на геноцидот, историчарот Дејан Ристиќ, во телевизиско интервју во февруари годинава, најави почеток на работите за реконструкција на Централната кула и италијанскиот павилјон на комплексот кај Стариот саем. Овие работи, всушност, би биле продолжение на процесот што институционално започна пред две години, кога Собранието на Република Србија го донесе Законот за Меморијалниот центар „Старо сајмиште“. Со тој закон се формираше нова културна установа – Меморијалниот центар „Старо сајмиште“. Таа треба да извршува задачи од областа на музеолошките, образовните и научноистражувачките активности, како што е наведено во член 2 од тој закон, „со цел да се негува споменот на жртвите на нацистичкиот концентрационен логор Еврејскиот транзитен логор Белград – Топовске шупе и на некогашниот саем во Белград, Еврејскиот логор Земун и Прифатниот логор Земун“.
На почетокот на ноември 2021 година, повеќе од година и пол по донесувањето на Законот за Меморијалниот центар „Старо сајмиште“, за вршител на должноста директор на таа институција беше назначена д-р Кринка Видаковиќ Петров. Научник со врвна кариера во областа на хиспанистиката, јудаистиката, компаративните студии и литературниот превод, д-р Видаковиќ Петров, исто така, беше амбасадор на СР Југославија (т.е. Србија и Црна Гора) во Израел во периодот од 2001 до 2006 година. Заедно со вршителот на должноста директор беа именувани и Управно-надзорниот одбор на Меморијалниот центар „Старо сајмиште“, а институцијата ги доби првите управни органи.
Конечно, на 27 јули годинава свечено започна реконструкцијата на Централната кула – таа е симболична и амблематска точка на некогашниот камп кај Старото сајмиште, каде што е предвидено да биде сместен изложбениот, едукативниот и канцеларискиот дел од новиот музеј. По тој повод, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одржа говор и се извини што Централната кула е во толку лоша состојба, „што речиси осумдесет години не се грижевме за нашето минато и не се грижиме за нашата иднина“.
Сепак, децениската потрага по соодветен начин да се одбележи страдањето и местото на злосторствата што беа извршени на Стариот саем, како и цела општествена и историска нарација конструирана кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесетите години на дваесеттиот век, сè уште зборува за одреден степен на „грижа“ и за минатото и за неговото влијание врз иднината. Во тие години оваа „загриженост“ се претвори во обид да се поврзат воените ужаси од Втората светска војна, вклучително и постоењето на нацистичкиот логор, со веќе нарушените национални односи во СФР Југославија и активно да се вклучи минатото во новиот воен конфликт кој тлееше.
Музејот на жртвите на геноцидот се роди од идејата за конечно да се утврди бројот на жртвите во Независната Држава Хрватска, што е „проект“ за кој се залагаше историчарот Милан Булајиќ во зората на југословенските граѓански војни. Неговата иницијатива за формирање музејска институција која ќе ги чува базите на податоци за жртвите на, како што тој ги нарече, „југословенскиот холокауст“, односно злосторствата извршени во НДХ, беше реализирана во 1992 година, кога беше формиран Музејот на жртвите на геноцидот, чијшто прв директор станал Булајиќ. Меѓутоа, седиштето на институцијата не се наоѓаше во Белград, односно кај Старото сајмиште – што беше предлог на Булајиќ – туку во Крагуевац, градот каде што беше извршено злосторството на масовно стрелање на цивили во есента 1941 година. Само неколку години по основањето на музејот, неговото дело било преместено во Белград, но и тогаш не на Старото сајмиште. Сепак, фактот дека Старото сајмиште беше разгледувано како соодветен простор за работата на новата музејска установа говори доволно за неговиот „меморијализаторкси потенцијал“.
Остатоците од логорот во срцето на главниот град беа како никогаш незарасната рана, полна со нови слоеви на повоени настани – од уметничките студија кои се наоѓаа таму до целосно несоодветните забавни содржини што го нарушија и онака кревкото, претежно неинституционализирано и речиси непознато сеќавање за егзекуцијата и поширокото општество на оние коишто загинале во него. Меѓутоа, од 1990-тите, сеќавањето за жртвите се разви заедно со подемот на национализмот, кој ја втурна земјата во крвава граѓанска војна. Потоа, историскиот наратив и политиката на сеќавање се фокусирани, пред сè, на означување на Старото сајмиште како „српски Јад Вашем“, нагласувајќи ја тезата дека Старото сајмиште било дел од „поширокиот систем“ на логорот „Јасеновац“ во тогашното НДХ – местото на најголемите страдања на српските жртви во Втората светска војна. Создавањето на таквите врски и „откривањето на тивките вистини“ се одвиваше во атмосфера на жестока дебата меѓу поединечни историчари од Хрватска и од Србија, во која секоја страна ја обвинуваше другата за „геноцид“ и презентираше разни „докази“ кои, наводно, мораше да се прикријат во СФР Југославија за да се одржи привидниот мир меѓу различните народи. Отприлика во тоа време, во текот на деведесеттите, Старото сајмиште беше препознаено како место за мачење на Србите, Евреите и Ромите, што е поредок што ќе се одржува во делови од општествената свест до денес.
Секако, потребата од Меморијалниот комплекс „Старо Сајмиште“ не ја намалува фактот што во еден период самото постоење на овој логор на територијата на Белград за време на Втората светска војна, речиси педесет години подоцна, им служеше на националистичките цели на државното раководство за време на периодот на воено распаѓање на поранешната заедничка земја. По политичките промени и демократизацијата на Србија во 2000 година, во еден момент дури имаше предлог на местото на комплексот да се формира Музеј на толеранција, кој, сведочејќи за историјата, ќе биде едукативна алатка за учење на емпатија и мир. Сепак, иако антитезата на обидите Старото сајмиште да се направи етнички мартиријум, Музејот на толеранција исто така не би бил адекватен одговор на прашањата за страдањата и смртта во окупираниот Белград. Имено, важно е толеранцијата да се заснова на принципите на разбирање, сочувство и грижа за достоинството на „другиот“, што не е можно без целосно разбирање на чувствителните и болните места на историјата, а постоењето на логор на смртта во главниот град на една земја без сомнение тоа и е.
Денес, кога претседателот на Републиката, при почетокот на работата за просторно воспоставување на функцијата на Меморијален комплексот, зборува за „жртвувања кои не биле многу важни или биле оставени настрана, заради дневно-политички цели, или за да не се замериме со некого“, неговите зборови говорат за тешкото наследство од деведесеттите години во кои се претпоставуваше дека српските жртви биле замолчувани и дека за нив било забрането да се зборува со децении. Манипулациите на историската наука за да се докаже дека секој народ, вклучително и српскиот, бил вистинска жртва на угнетување во текот на постоењето на СФР Југославија, најчесто се потпирале на периодот на Втората светска војна за да се укаже на континуитетот на страдањата. Пренесувањето на тие модели во наратив кој допрва треба да се конструира во еден сосема нов и, за Србија, уникатен музеј чија главна институционална цел е „да работи и да комуницира етички, професионално и со учество на заедниците“, би претставувало лоша практика и во никој случај не би бил во согласност со прокламираната мисија. Прифаќањето на ставовите формирани под силно влијание на националистичките цели и нивното некритичко пренесување во сегашноста би биле огромен товар за новата институција и би ја попречиле неговата мисија на самиот почеток на неговото работење.
На крајот на краиштата, музеите се места кои истражуваат, дознаваат, комуницираат и во овие процеси работат со научно и непристрасно засновано знаење. Тие не се и не можат да бидат места на политичка пропаганда, колку и да е силен притисокот за корекција на колективната меморија.
Нела Тонковиќ е историчар на уметност со магистерски студии по културна политика и менаџмент. Во периодот од 2010 до 2013 година работела како куратор во Современата галерија Суботица, а од 2013 до 2018 година била директор на таа институција. Од февруари 2019 до декември 2020 година, таа беше раководител на Националниот музеј Шабац. Таа е активно ангажирана во различни истражување за политиката на собирање и изложување на современа уметност во јавните институции во Србија, додека нејзината професионална пракса е насочена кон стратешко управување на институциите за заштита и одржливо користење на наследството, управување во областа на визуелната уметничка продукција и при посредување на современата уметност.