Посетата на Изетбеговиќ во Казани е придонес кон помирување

Извор: sarajevotimes.com


Претседавачот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ денеска положи цвеќе и им оддаде почит на загинатите српски цивили во Казани над Сараево, во име на помирување и меѓусебно почитување.

“Имав чувство како да сум должен да изразам почит на Казани и да изразам сочувство на семејствата чии членови ги загубија своите животи тука, во многу лош начин”, рече Изетбеговиќ, и вели дека требаше да  дојде во Казани дури порано.

Изетбеговиќ изјави дека сето тоа треба да се направи така што ваквите настани никогаш нема се случат повторно, надевајќи се дека оваа посета ќе има “еден позитивен политички ефект”.

Други политичари кои му се приклучија на Изетбеговиќ денеска беа претседателот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздич , претседателот на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ Шефик Џаферовиќ , премиерот на ФБиХ Фадил Новалич и премиерот на Кантонот Сараево Елмедин Конакович, како и претставници на здруженијата на семејствата на загинатите деца.

Официјални претставници изразија подготвеност да се најдат посмртните останки на Казани со оглед на тоа дека бројот на загинатите лица никогаш не беше официјално утврден. Остатоците на околу 30 луѓе беа ископани од јамата.

“Семејствата на загинатите се плашат дека ова би можело да биде крај на Казани. Тоа е причината зошто го замолив Изетбеговиќ да интервенира и да се овозможи  пребарување на Казани. Ако не постојат повеќе остатоци во јамата, тогаш тој треба да им нареди на оние кои ги криеле телата да ни кажат каде се скриени “, рече Претседателот на Здружението на семејствата на исчезнатите лица во регионот на Сараево- Романија, Милан Мандиќ .

Мандиќ, рече дека посетата на Изетбеговиќ е охрабрувачки гест кој треба да се врши од страна на другите членови на Претседателството на БиХ, Драган Човиќ и Младен Иваниќ.

“Ова е местото каде што ние треба да започнеме градење на соживот и иднина во Сараево”, рече Мандиќ.


Четиринаесет војници на Армијата на Република БиХ беа осудени за кривични дела во Казани. Нивните казни се движат од десет месеци до шест години затвор.


(Извор: novovrijeme.ba/photo: ФЕНА)