Во последниве неколку години, во Србија е намалено известувањето на темите поврзани со военото минато на Србија, вклучувајќи го покривањето на судските процеси за воените злосторства и за жртвите на воените злосторства и нивните семејства. Земајќи предвид дека мандатот на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) заврши, и меѓународниот притисок е намален, сериозните прашања во врска со военото минато на Србија беа особено маргинализирани во печатот и само ретко, пријавени од страна на независните медиуми. Од друга страна, справувањето со минатото е намерно таблоидизирано од страна на некои мејнстрим медиуми, со цел да се создаде уште поголема конфузија во јавноста.
Не постои политичка волја да се отвори темата на одговорноста на Србија за воените злосторства извршени во поранешна Југославија, дури и под претходната/моменталната проевропска српска Влада предводена од Демократската партија. Меѓународниот притисок врз Србија за соработка и поддршка на обвиненијата за воени злосторства беше претставен како уцена која доаѓа од големите западни сили или, уште полошо, како еден вид „трговија“: „Вие дајте ни ги злосторниците, ние ќе ви дадеме средства од грантовите (на ЕУ)“. Логично е дека оние српски политичари кои биле соучесници и директни учесници во злосторничките намери на Милошевиќ, и останале на власт, ќе направат сè што можат не само за да ја прикријат темата за воени злосторства, туку и да ја манипулираат јавноста до точка до која ќе ги презентираат џелатите како жртви и обратно.
Гласовите на ретките професионални новинари, кои сè уште постојат, во писмена форма за „воените теми“ едноставно не се слушаат поради заглушувачката бучава на пропагандата произведена од страна на таблоидите кои му служат на режимот. Медиумите, како Информатор, Ало, Курир, Српски телеграф и Вечерње новости, меѓу другите, се натпреваруваат кој повеќе ќе ги навреди Хрватите, Бошњаците, Албанците, Црногорците и сите други кои може да ги прогласат за непријатели на српската нација. Таквиот пристап е „целосна пропаганда“, и очигледно е бесрамен. Во симболична смисла, таквата пропаганда е природно продолжување на командата на Младиќ за време на повеќегодишното гранатирање на Сараево: „Лудувајте!“
Примерите на медиуми кои „(по)лудуваат“ се особено застапени кога се чествуваат годишнините од големите воени случувања, како што се операцијата „Бура“ во Хрватска (Олуја), почетокот на бомбардирањето на НАТО на Србија, или геноцидот во Сребреница. „Усташите го прославуваат колењето на Србите, ЕУ гледа и не вели ништо“; „Хрватите не ни можат ништо“; „Србија трпела, додека Усташите оргијале“; „НАТО убива млади девојки во Србија“; „Западот прави хаос на Балканот“; „Ние мора да бидеме подготвена за нова војна“; „Бакир повторно ќе убива“; „Хашкото злосторство: Караџиќ добива доживотна казна затвор“. За да се напишат сите воени наслови од српските таблоиди ќе биде потребно премногу време и ќе се пополнат томови на книги.
Се разбира, сите овие наслови се проследени со статии сосема лишени од историски информации или контекст. Постојат дури и статии напишани за овој феномен на „испуштените историски информации“. Што тоа значи? Отворено речено, таблоидното известување – и, за жал, и „посериозните“ медиуми во Србија – за периодот на војната и воените наративи имаат тенденција да бидат еднодимензионални и еднострани. Земете го, на пример, покривањето на годишнината од операцијата „Бура“ (Олуја), кога намерно изоставија информации за тоа што се случуваше во Хрватска од пролетта 1991 година до август 1995 година. Таквото медиумско известување, во комбинација со образовниот систем во кој војните од 1990-тите или не се споменати или се претставени на многу пристрасен начин, произведува нови генерации на српски граѓани кои веројатно се убедени дека Србија, редовно и намерно се обвинува и, како резултат на тоа, е вообичаената (и единствена) жртва.
Кога медиумите споменуваат жртви, тоа се само „нашите“ жртви (етничките Срби). Приказните за и наративите околу овие жртви се манипулираат; бројките се измислуваат, настаните се фабрикуваат, а историјата се фалсификува. И откако ќе помине годишнината, дури и „нашите“ жртви се заборавени и оставени да се справуваат со своите страдања и трауми на самиот раб од општеството.
Очигледно е дека тактиката на медиумите за „(по)лудувањето“ и намерното погрешно насочување и збунување на српските граѓани доаѓа директно од врвот на раководството на Владата. Министерството за одбрана на Србија, на чие чело е озлогласениот министер Александар Вулин, го води шоуто во овој поглед. Овој министер е одговорен за трајното уништување на односите со соседните држави, им се обраќа со речник кој неодоливо потсетува на времето на Милошевиќ. Вулин е, се разбира, само еден од актуелните политичари, кои беа на власт кога биле извршени воените злосторства, со поддршка на српското раководство, „официјален Белград“. Затоа, му доаѓа природно да игра на картата на „страшило” во регионот, да се објавуваат книги од страна на осудените воени злосторници, да се организира промоција на нивните книги, да ги слават како воени херои, и да им нудат можност да одржуваат предавања на Воената академија. Постојат многу примери за тоа. Веселин Шљиванчанин, Владимир Лазаревиќ и Небојша Павковиќ – сите осудени воени злосторници – го носат ореолот на новиот хероизам на Вулин. Министерот го оправдува ова, велејќи: „Србија не треба да се срами од оние кои ја бранеа“.” Или: „Времето на срамот е завршено; ова е време на тивка гордост“.
Овој вид реторика искажан од страна на марионетите на Вучиќ, се повторува и во повеќето медиуми, без критички осврт или основна новинарска истрага. Кого бранеле овие „херои“, и зошто имало „време на срамот“, воопшто? Таквото известување во медиумите не може, на кој било начин, да придонесе за формирање на критичко јавно мислење за мноштвото ужаси извршени на Балканот во име на граѓаните на Србија. И таквото известување од страна на медиумите, како и претходното одбивање од страна на проевропските политичари да гребнат под површината на нашето воено минатото, дури и по 2001 година, по „откривањето“ на масовните гробници во Батајница, во близина на Белград, во предградијата на европски главен град, доведе до враќање на ваквата реторика. Нивното однесување ги донесе на власт оние кои ќе направат сè за да ја избегнат одговорноста за планирањето, спроведувањето, или поттикнувањето на етничкото чистење, геноцид, масовните силувања и другите масовни злосторства во поранешна Југославија. Сите оние кои се на власт, заедно со воените профитери и структурите на „државата во држава“, откинаа преголем залак од парите и привилегиите купени со крв за сега доброволно самите да се трансформираат во некакви „миротворци“. Каков што, многумина веруваа во тоа, „новиот“ и „прозападно“ ориентиран Александар Вучиќ ќе стане.
Истото важи и за новинарството: Никој од воените пропагатори на Милошевиќ од медиумите не одговараше за потпомагањето военото профитерство во 1990 година. Неказнетото злосторство секогаш ќе создава простор за ново злосторство. Денешното воено профитерство на таблоидите не е ништо повеќе од продолжување на профитерството од 1990-тите. Но, постои една битна разлика: омразата е сега дома, и е насочена кон сопствените граѓани.
Динко Грухоњиќ е доцент на Катедрата за медиумски студии при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад, програмски директор на Независното здружение на новинари на Војводина, новинар и граѓански активист.
Foto: Динко Грухоњиќ на протест (лична архива)