Дали навлегува во човечката свест дека кога ќе се случи голема војна, секогаш e проследенa со помали војни? Дали албанскиот народ некогаш размислува дека по гледањето на крвта што ја поплави уличката на ужасот во масакрот во Речак, откако беше цел на војната од друга држава, по многу други слични други сценарија, таа мина низ војни на умот преку колективната траума, притисокот, само да се соочи со она што другата страна го остави зад себе, кога таа отиде по целото касапење?
Бауман пишува дека современоста и совршенството на средствата дозволуваат војни. Нездравиот ум на жртвите бара траума за соочување со војната, бидејќи тие бараат мир колку што сакаат да се познаваат самите себе по секој силен шок.
****
Во претходниот блог накратко ги споменав културата, филмовите и кинематографијата. Во војна, луѓето се прекршени. Ова се случува поради неколку причини. Прво, насилството го нарушува моралот на повреденото лице. Дали ова не е главната цел на сторителот на насилството? Второ, насилството предизвикува болка; не само непосредна и физичка болка. Подоцна, не се работи само за повредување на еден поединец од страна на друг, туку и за нарушување од страна на друга идеологија, прекршување на режимот од страна на друг, или прекршување на крвта. Тоа е држава која врши насилство и апсолутна моќ кон друга.
Кога станува познато дека некои од жените во селото се силувани, мажите лудуваат и брзаат за да бидат први што ќе ја сокријат вистината за она што се случило. Луша е учителка и ја открива нејзината тајна.Тогаш и било забрането да учи, да ја извршува својата света мисија. Потоа таа се соочува со проблеми со нејзиниот сопруг и со нејзиното семејство.Не и е дозволено да оди на прослави или други собири. Луша е секоја жена силувана од Србите за време на последната војна во Косово.
Ова е успехот на “другите”. “Другите” сакаа да ги видиме силуваните жени како виновни. Ние ретко се соочувавме со овие жени, кои беа повредени против нивната волја. Режимот сакаше тоа да се случи за време на војната. Уште денес не зборуваме многу за овие жени. Ние зборуваме само кога некој ја отвора дебатата, која сепак трае неколку секунди. Ние не протестираме за нив колку што правиме за нашите величествени мажи. Сè уште не ги соочивме во очи. Всушност, тие треба да се соочат со нас – затоа што не им дозволивме да ја кажат вистината што ќе ги ослободи од она што се случило, кој знае колку често оживува во нивните кошмари. Не, тие не се виновни за тоа што им се случило. И да, ние често се однесуваме така што ако бевме во мир, немаше да го запреме силувањето.
Филмскиот режисер Иса Ќosja се занимава со оваа тема во неговиот филм “Tri dritare dhe një varje” (Три прозорци и бесење). Косовските мажи не признаваат дека нивните жени биле силувани од мажите на друга држава. Несфатливо. Тоа се мажи кои ги немаат основните човечки емоции: емпатија, љубов, па дури и солидарност со жените. Нема болка во нивно име, нема чувства на тага.
*****
Киното е добар начин за раскажување на вистината до светот, доволно за да се сензибилизираат луѓето од земјата во која се случила војната. Потребно е за земја што живеела низ војна да има барем еден филм што ја кажува вистината. Не знам дали имаме одличен филм за војната, но нашите филмски режисери, како и странски, се обиделе да се справат со она што се случило од различни аспекти.
Откако ќе ја документираме историјата, да се обидеме да ја прифатиме и да се соочиме со неа. Филмот “Шок” (пријател), кој ја раскажува приказната за две момчиња кои остануваат пријатели во услови на војна, беше номиниран за Оскар пред неколку години. Неопходно е да верувате во нешто што во такви времиња ги држи двата пријатели заедно. Последните секунди од филмот не се лесни за гледање.
Сепак, соочувањето со минатото има потреба од вистината. Во спротивно, како можеме да им овозможиме на генерациите да го разберат овој мрачен период на косовските Албанци во 1998-99 година, кој беше сокриен пред неколку години? Соочување се не е заборавање. Или никогаш немало соочување со заборавањето, или пак тоа било случај повеќе пати, од сите страни.
Филмот “Шок” е неопходен колку што е болен. Кога Анџелина Џоли реши да режира филм за војната во Босна, таа не ја пресече сцената каде бебето е исфрлено од балконот во сред зима. Во филмот “Шок”, исто така, едно од момчињата – Оки е убиен од страна на војник. Полесно е за нас да се соочиме кога знаеме дека она што ни се случило нас им се случило и на другите, бидејќи за секој од нас војната имаше своја кулминација, врв на суровост. Актерите Лум Весели и Анди Бајгора, покрај нивното дејствување, кое не треба многу да се елаборира, им помогнаа на денешните деца и децата од тоа време, кои сега се возрасни, подобро да го разберат нивното страдање, емоциите на ужасот и фактот дека војната нема граници. Сè беше дозволено, сите беа повредени и измачувани. Војната не беше чесна, но филмовите и филмските режисери можат и треба да бидат.
****
Филмовите и актерите не дозволуваат да заборавиме. Сеќавањето е колектив на настани што се случиле. Некој помина низ тие настани, некој друг не. Филмскиот фестивал во Сараево создаде посебна програма за филмовите кои се занимаваат со темата на соочување со минатото. Бидејќи Балканот е земја на крв – најмодерна на оваа страна на Европа, сè станува сè поважно. Филмот “Ктими”( Враќањето)од Блерта Зеќири раскажува за хистеријата на враќање на човекот и соочување со фактот дека има уште едно дете дома, дете кое е резултат на силување.
Пред неколку години, филмот “Кукуми”, исто така, од Иса Ќосја , го раслажа лудилото на војната и нејзините последици, кои, ако не се зборуваат или анализираат, тежат повеќе на плеќите на жртвите и на народот – Косоварите.
Филмот е временска капсула. Филмот може да ги каже вистините без никакво политичко мешање. Личните истории, човечките наративи ќе ни помогнат во дуел со нашата поствоена психологија. Џон Апдајк во својот дневник пишува дека “секојдневно се будиме малку изменети, а личноста која бевме вчера е мртва”. Можеби сите умревме во последната војна во Косово а денес, будни, би било добро да се соочиме со еден од најтажните рани и приказни на косовскиот народ.
Арбер Селмани е независен новинар и писател од Приштина. Тој има диплома по маркетинг и тој е активен во областите на културни студии, мултикултурализам, справување со минатото и ЛГБТ прашања. Во 2013 година тој беше избран за новинар на годината од UNWomen и UNDP.
Твитер: @arberiani