Balkan.Perspectives #22

Сè уште невидливи и нечујни! Родовите перспективи во културите на сеќавање

Поминаа веќе седум години откако мојата колешка, и тогашна главна и одговорна уредничка, Маике Дафелд, напиша во нејзиниот едиторијал на Балкански.перспективи, во изданието од 09/2016: „Кога станува збор за справување со минатото на Западен Балкан, да се испочитува родовата перспектива обично значи да се разговара само и исклучиво за сексуалното насилство врз жените за време на војна. Како последица на тоа, жените не се гледаат како агенти на промени; и тие исто така не се вклучени во обидот да се надмине насилното минато и обновата на мирното општество“.

Имаше одредени промени и случувања во последните седум години. Сепак, сè уште се соочуваме со предизвици кога разговараме за гласовите на жените и нивните улоги во справувањето со насилното минато на регионот.

[expander_maker id=”2″ more=”Read more” less=”Read less”]

Насловот под кој е објавено изданието Балкански.перспективи од 2016 година беше „Нејзината и неговата историја“. Исто како и тогаш, и сегашниот уреднички тим на Балкански.перспективи чувствува порив ова издание уште повеќе да се фокусира на историјата од женската перспектива (HERstory), стереотипите и атрибутите со кои се соочуваат жените кога разговараат за насилното минато на поранешна Југославија. Така, уредничкиот тим на Балкански.перспективи во ова издание се обидува да погледне подалеку од повторливите осцилации помеѓу хиперженската атрибуција како мајки, сестри или старателки и (повторната) виктимизација на жените. Ги замоливме нашите автори критички да размислуваат за улогите на жените во културите на сеќавање во соодветните земји и да разговараат за прашањата поврзани со одвикнување од интернализираните монолитни наративи, и повторно градење и критичко преиспитување на наративите кои ја опкружуваат широката и сложена тема на родовите перспективи и транзициската правда, справувањето со минатото и културите на сеќавање.

Затоа, го избираме насловот „Сè уште невидливи и нечујни!“ и настојуваме со тоа да се додаде уште еден слој на размислувања, вредни дискусии и согледувања на оваа тема и повторно да повикаме жените да бидат главниот актер во овие дискусии.

Во прилозите од Босна и Херцеговина, Едо Канлиќ размислува за улогата на жената за време на војната во Босна и Херцеговина, а Јасмина Чаушевиќ се осврнува на женските гласови во последните културни и уметнички продукции во Босна и Херцеговина. Аулона Кадриу за ова издание придонесува со многу лично размислување за улогата на жените во справувањето со минатото во Косово. Ренеа Беголи и Еремира Красниќи преку разговор се навраќаат на нивното патување како куратори на изданието на „Секундарната архива“ на Косово. Симона Младеновска го анализира амбивалентното патување на правата на жените во Северна Македонија, додека пак Маја Атанасова го анализира новиот закон за родова еднаквост. Јасмина Тешановиќ од Србија во својот текст ја нагласува потребата да се доловат сеќавањата и приказните на жените за да се спротивставиме на впечатокот дека историјата ја пишуваат само мажи. Во својата статија Маша Самарџија изложува колку се важни женските гласови и сеќавањата на преживеаните од насилство и војна.

Ова издание ја прикажува следната сезона на новата серија на поткасти на Балкански.перспективи. Како и обично, можете да ги слушате и преземате поткастите преку нашата веб-страница www.dwp-balkan.org или преку претпочитаната услуга за стриминг како Spotify, Google Podcast или Apple Podcast. Би сакале да им се заблагодариме на нашите партнери, продукцискиот тим зад и пред микрофоните и нашите гости кои придонесоа за поткастите. Во Босна и Херцеговина им благодариме на Ѓорѓе Крајишник, Вања Шуиќ и Маида Загорац.. Во Косово им благодариме на радиото ТИЛЛТ, Сербезе Хаџиај, Аулона Кадриу и Лура Лимани. Во Северна Македонија, му благодариме на Радио МОФ и Симона Младеновска.

Редакцијата на Балкански.перспективи ви посакува информативно читање на тековното издание и пријатно слушање на поткастите.

Во име на уредничкиот тим на Балкански.перспектив.

Александар Војвода
Главен и одговорен уредник

[/expander_maker]

Balkan.Perspectives PodCast

Подкастот Балкански.Перспективи е аудио формат на форумЗФД на темите Соочување со минатото и мировно образование на Западниот Балкан. Подкастот е продуциран на четири јазици (албански, БХСЦ, македонски и англиски) од четирите канцеларии на форумЗФД во Босна и Херцеговина, Косово, Северна […]

Секундарна архива

Разговор меѓу кураторите на „Секундарна архива“ на Косово, Еремира Красниќи и Ренеа Беголи Еремира: И самата си уметница Ренеа. Колку знаевте за жените уметници од различни генерации во Косово пред курирањето на проектот „Секундарна архива“? Ренеа: Да бидам искренa, не […]

Запоставени приказни за жени кои ја преживеале операцијата „Бура“

Слушајќи ги цел живот приказните на жените кои ја преживеале војната, бидејќи како четиригодишно девојче и јас ја поминав бегалската колона, бев сведок како мајките, ќерките, тетките, бабите и пријателите се сеќаваат на тие моменти и слики и како овие […]

СЕЌАВАЊАТА ЛАЖАТ, ЖЕНИТЕ НЕ

Сеќавањата лажат, жените не. Не е точно дека само победниците ја пишуваат историјата. Историјата е напишана од мажите кои се на власт. За време на војна, жените стануваат граѓани од втор ред и нивната улога е поделена помеѓу мрачните должности […]

фото: Маја Атанасова

Вклучете ги светлата! – или, дали навистина го разбираме вклучувањето на родовите аспекти во главните политики?

Веќе неколку месеци чекориме во 2023 година, па можеме безбедно да заклучиме дека 2022 година не беше најдобрата година за никој од нас – сè уште збунети од ограничувањата кои ги наметна пандемијата со КОВИД 19, бевме сведоци на почетокот […]

фото: Симона Младеновска

Перспективата во минатото

Ако живеете на Балканот, во неколку наврати – ако имате среќа, и во многу, ако немате толку среќа, станувате свесни дека во овој дел од светот луѓето имаат многу чудни ставови за концептот на почит кон жената. Tаа особеност, онаму […]

Родот и меморијата преку презентација на неколку неодамнешни уметнички интервенции

Освен од личен агол, постојат уште најмалку три начини на кои можеме да се потсетиме на војната. „Првиот начин подразбира барање помирување со поранешниот непријател, ублажување на конфликтот, и затоа е инклузивен. Вториот начин промовира национална самопотврда преку исклучување на […]

Ништо ли нема да биде именувано по нив?

Сеќавање на улогата на жената за време на војната во Босна и Херцеговина Ако се потпираме исклучиво на програмите и пораките на комеморации, имињата на улиците, имињата на институциите и она што е напишано на спомен-плочите и спомениците во повоена […]

Ова е неподносливо!

На 17 февруари 2023 година, додека Косово ја прославуваше својата 15-годишнина од независноста, еден новинар ги праша луѓето на улица која е централната фигура на Косово. Сите споменуваа мажи, чиишто имиња претходно сме ги слушнале. Никој не го спомена името […]

Импресум 22 – 03/2023

Главен уредник: Александар Војвода

Уреднички тим: Сунита Даутбеговиќ – Бошњаковиќ, Мартин Филиповски, Ана Пејовиќ

Автори: Маја Атанасова, Ренеа Беголи, Јасмина Чаушевиќ, Аулоне Кадриу, Едо Канлиќ, Еремире Красниќи, Симона Младеновска, Маша Самарџија, Јасмина Тешановиќ

Подкасти: Босна и Херцеговина: Ѓорѓе Крајишниќ,  Oslobođenje KUN, Вања Шуњиќ и Маида Загорац, Косово: ТИИЛТ Радио, Сербезе Хаџиај, Аулоне Кадриу и Лура Лимани, Северна Македонија: РадиоМОФ и Симона Младеновска, Србија: Елена Премате и Лице во Лице.

Дизајн (Насловна страна): Енвинион

Превод: ЛБГ Комуникации (Албански), Луна Ѓорѓевиќ (БХСЦ), Мартина Кимовска (Македонски) Translation:

Лекторирање: ЛБГ Комуникации (Албански/Англиски), Зинаида Лакиќ (БХСЦ), Жанет Ристоска (Македонски)