Соочување со Минатото

Концептот на Соочување со Минатото (СсМ) во суштината на неговиот интерес го става и третира прашањето колку државите се помируваат или справуваат со бруталното кршење на човековите права по вооружените конфликти, авторитативните и  диктаторските режими.

Поимот „Соочување со Минатото“ првично се поврзува со политиката и напорите на пост –  воена Германија да дојде до помирувањето на искуствата и последиците од Нацистичката идеологија и политиката од времето на Третиот Рајх. Со текот на времето, оригиналниот германски модел на СсМ достигна пошироки перспективи. Покрај  судските, административните и законските мерки за решавање на злосторствата кои се извршени во минатото, овој модел успеа да ги инкорпорира и приватните, јавните и научните дебати; образовните и наставните програми, како и уметничките пристапи кон  злосторствата од минатото. И покрај тоа, прашањата околу индивидуалната и колективната вина и одговорност сѐ уште се присутни.

Честопати поимот “Транзициска Правда“ (ТП) се користи во неколку слични контексти, понекогаш дури и како синоним за СсМ. Во 2004 година, генералниот секретар на ОН, објави извештај за “Владеење на Правото и Транзициската правда во конфликтни и пост-конфликтни општества”  каде што се употреби следната дефиниција:

“Транзициската правда […] го опфаќа целиот спектар на процеси и механизми поврзани со обидите на општеството да се помири со сите злоупотреби кои што се наследени од минатото, се со цел да се обезбеди одговорност и правда, и да се постигне помирување. Овие процеси може да вклучат судски и вонсудски механизми, со различни нивоа на меѓународно присуство […] и поединечни кривични гонења, репарации, потрага по вистината, институционални реформи, ветинг и отпуштања, или комбинација од нив. “[1]

Овие механизми се во корелација со бројни жртвено – ориентирани права и државни обврски:

  1. Правото за  правда (на пр. борбата против неказнивоста, подобрување на одговорноста, судењето на воените злосторства);
  2. Правото на знаење  (собирање на факти, истраги, изнаоѓање на вистината и споделување на истата (комисии на вистината, барање на исчезнатите личности, ексхумација, раскажување/лустрација, јавни сведочења, орална историја);
  3. Правото на надомест (материјална: реституција, компензација, рехабилитација/симболика, извинувања, годишнини, комеморации, музеи, ревизија на школските учебници);
  4. Гаранција на неповторување на злосторствата и други прекршувања на нормите / институционалните реформи: демобилизација, ветинг/лустрација, реформи во безбедносниот сектор (полиција и војска), судството и државните институции.

ФорумЗФД на Западниот Балкан  го постави СсМ  во фокусот на својата работа и претставува основен мандат на организацијата. Признавајќи ја важноста на судските процеси и институционалните реформи, ФорумЗФД експлицитно нагласува за потребата од не-судските мерки, како колективната мемориализација и мировното образование на различни нивоа на општеството, особено на „грасрут“ ниво во заедниците.

Разбирањето и пристапот на ФорумЗФД е широк и сеопфатен и се обидува да даде одговор на неколку прашања и недостатоци  на тековните СсМ и ТП концепти како:

  1. Пристапите кон транзициската  правда  честопати се заменува со поимите  правда за гонење и казнување, што резултира со занемарување на помеките компоненти  како мемориализација. Прашањата од социјални и политички мотивирани неправди и дискриминација на повеќе нивоа во пост-воените општества го загрозуваат воспоставувањето на одржлив мир; оттука, не се справува директно со коренот од каде потекнуваат конфликтите и структурните форми на насилство.
  2. Иако се спомнати во ТП и СсМ концептите, повеќе внимание треба да се обрати кон колективната мемориализација, деконструкцијата на националзмот, мажественоста и хероизмот, и создавање на конструктивна  култура.
  3. СсМ и ТП концептите се фокусирани на две социјални групи: жртвите и сторителите, занемарувајќи го фактот дека целото општество и заедниците се тие кои треба да се справат со војната и последиците од насилството. Широкиот спектар на искуството на населението кое е погодено од конфликтот е сеопфатно, и ги вклучува: минувачите, противниците, отпорниците на војната, децата, постарите личности, жените.

[1] Извештај од УНСГ за Владеење на правото и ТП во конфликтни и пост-конфликтни општества (S/2004/616) достапен на: http://daccess-dds-ny.un.org/doc/UNDOC/GEN/N04/395/29/PDF/N0439529.pdf

[2] Погледни го примерот на Диана Енс: Правдата по насилството. Критички перспективи од Западниот Балкан, Studies in Social Justice, Vol. 7, No 2 (2013).