Последни вести

Директорката на KRCT, Фериде Рушити, номинирана за Нобеловата награда за мир 2025 година

Д-р Фериде Рушити, истакнат застапник за човекови права и извршен директор на Косовскиот центар за рехабилитација за жртви на тортура (KRCT) е номинирана за Нобеловата награда за мир за 2025 година. Оваа номинација, предложена од шведскиот пратеник Магнус Јакобсон, го признава значајниот придонес на Фериде и КРЦТ за правдата, човековите права и рехабилитацијата на преживеаните од военото сексуално насилство во […]

DwP Podcast: Украина – Мировната работа во време на војнa

Заедно со нашите партнери од РадиоМОФ, разговаравме со Дмитро Ковбашјук, активист од Одеса, Украина. На подкастот можете да слушнете повеќе за актуелната политичка ситуација во Украина, предизвиците за обичните луѓе во овие тешки времиња и мировната работа во време на вооружен конфликт. Подкастот е преведен на македонски и албански јазик.

 Пешачиме од Виена до Истанбул.Ги читаме членовите од Универзалнатадекларација за човекови права.Ве покануваме да ни се придружите

Traiskirchen ⇾ Eggendorf ⇾ Rohrbach bei Mattersburg ⇾ Oberpullendorf ⇾ Rechnitz ⇾ Kohfidisch ⇾ Neustift bei Güssing ⇾ Felsőszölnök ⇾ Krašči ⇾ Spodnji Ivanjci ⇾ Ptuj ⇾ Gornji Macelj ⇾ Krapinske Toplice ⇾ Draše ⇾ Zaprešić ⇾ ZAGREB ⇾ Rugvica ⇾ Ivanić- Grad ⇾ Popovača ⇾ Kutina ⇾ Novska ⇾ Gornji Bogićevci ⇾ Nova Gradiška ⇾ Lužani ⇾ Slavonski Brod […]

DwP Column

DwP колумната е нов медиумски производ на онлајн платформата за соочување со минатото www.dwp-balkan.org. DwP колумната е регионална онлајн платформа за конструктивна размена на ставови на теми поврзани со соочување со минатото, се со цел да се зајакне конструктивниот и отворениот пристап на размена на ставови на регионално ниво. Со користењето на колумната, сакаме да промовираме конструктивен онлајн дискурс поврзан со тековните теми од областа на соочување со минатото.

Што направија Балканските држави за заштитата на жените во поствоениот период?

Кога жените владеат, мирот трае – најчесто велат говорниците на меѓународните конференции кога зборуваат за родовите прашања и мирот. Но, во пракса, ниту жените владеат (со оглед на нивната мала застапеност во политиката), ниту е мирот траен. Сведоци сме на постојаното избивање конфликти во различни делови од светот и во секој од нив најголеми жртви се жените и децата. Светската […]

Од улици до облаци: градење самоорганизиран град

Градот е еден од најголемите пронајдоци на човештвото. Не затоа што е густо населен, ефикасен или економски продуктивен, туку затоа што овозможи колективно живеење што подразбира повеќе од обично преживување. Градот ги одвои луѓето од постојаната изложеност на глад, животни, и временски услови; организираше водоснабдување, засолниште, инфраструктура и грижа. Но, и повеќе од тоа, градот ја организираше културата. Овозможи средби, […]

Нашиот потиснат човечки идентитет

Во центарот на Прилеп има една биста на која ретко кој ѝ обрнува внимание. Бистата е на Лудвик Лазар Заменхоф, непознат за многумина во нашата земја, инаку основач на есперантото. А на постаментот стои запишана, на есперанто, една многу важна порака на есперантското движење: „Светот е една земја, човештвото е еден народ.“ Колку е или колку би можел да биде […]

Балкански.Перспективи

Балкански.Перспективи е регионално списание кое се фокусира на соочување со минатото (СсМ) во Западниот Балкан. Списанието се изработува на четири (4) јазици и е заеднички проект помеѓу Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија. Списанието е платформа за локалните актери кои го подржуваат конфликт – сензитивниот дискурс на теми поврзани од неодамнешното минато.

Podcast

The Balkan Perspectives podcast is forumZFD’s audio format on Dealing with the Past and Peace Education in the Western Balkans. The podcast is produced in four languages (Albanian, BHCS, Macedonian and English) by the forumZFD offices in Bosnia and Hercegovina, Kosovo, North Macedonia, and Serbia.