Балкански.Перспективи

Балкански.Перспективи е регионално списание кое се фокусира на соочување со минатото (СсМ) во Западниот Балкан. Списанието се изработува на четири (4) јазици и е заеднички проект помеѓу Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија. Списанието е платформа за локалните актери кои го подржуваат конфликт – сензитивниот дискурс на теми поврзани од неодамнешното минато. Списанието нуди плуралност на перспективите на СсМ насекаде во регионот и цели кон оспорување на стереотипите и етноцентричните наративи, како и охрабрување на критичкото размислување, поширока дебата и засилување на конструктивните пристапи за соочување со неодамнешното минато.

Можете електронски да се претплатите на списанието со испраќање на електронска пошта на: balkan.perspectives@forumzfd.de. Го поздравуваме и цениме вашето мислење и фидбек и се надеваме дека ова списание ќе ви биде вреден ресурс.

Број 24

06/2024

Поп културата и соочување со минатото

Ова издание на списанието Балкански.перспективи преиспитува една широка и разновидна област: поп-културата и справувањето со минатото во земјите од Западен Балкан. Од една страна, ова издание ги образложува манифестираните и латентните врски помеѓу поп-културата, нејзините различни производи и нејзините актери низ различни периоди, различните полиња на справувањето со минатото и војните во регионот на Западен Балкан во 1990-тите и раните 2000-ти. Така, уредничкиот тим признава дека поп-културата обезбедуваше – и во одредени контексти сè уште обезбедува – платформа за нормализирање на националистичките, едностраните и авторитарни идеологии и амбивалентно во исто време нè поврзува преку заедничката музика, театарската игра, филмовите или ТВ сериите.

Open magazine articles

Број 23

06/2023

Поп културата и соочување со минатото

Ова издание на списанието Балкански.перспективи преиспитува една широка и разновидна област: поп-културата и справувањето со минатото во земјите од Западен Балкан. Од една страна, ова издание ги образложува манифестираните и латентните врски помеѓу поп-културата, нејзините различни производи и нејзините актери низ различни периоди, различните полиња на справувањето со минатото и војните во регионот на Западен Балкан во 1990-тите и раните 2000-ти. Така, уредничкиот тим признава дека поп-културата обезбедуваше – и во одредени контексти сè уште обезбедува – платформа за нормализирање на националистичките, едностраните и авторитарни идеологии и амбивалентно во исто време нè поврзува преку заедничката музика, театарската игра, филмовите или ТВ сериите.

Open magazine articles

Број 22

03/2023

Сè уште невидливи и нечујни! Родовите перспективи во културите на сеќавање

Поминаа веќе седум години откако мојата колешка, и тогашна главна и одговорна уредничка, Маике Дафелд, напиша во нејзиниот едиторијал на Балкански.перспективи, во изданието од 09/2016: „Кога станува збор за справување со минатото на Западен Балкан, да се испочитува родовата перспектива обично значи да се разговара само и исклучиво за сексуалното насилство врз жените за време на војна. Како последица на тоа, жените не се гледаат како агенти на промени; и тие исто така не се вклучени во обидот да се надмине насилното минато и обновата на мирното општество“.

Имаше одредени промени и случувања во последните седум години. Сепак, сè уште се соочуваме со предизвици кога разговараме за гласовите на жените и нивните улоги во справувањето со насилното минато на регионот.

Open magazine articles

Број 21

11/2022

Изложување на минатото – музеолошкиот пејзаж во Западен Балкан и справувањето со минатото

21-то издание на Балкански.перспективи е фокусирано на музеолошкиот пејзаж во Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија. Целта на ова издание е да поттикне дискусија за соодветните култури на сеќавање на насилното распаѓање на Југославија и нивното претставување во музеите во регионот. Статиите и поткастите детално ги разгледуваат музеите како места за сеќавање, меморализација и справување со минатото. Меѓутоа, музеите се дел од дискурзивното создавање на историјата и со тоа претставуваат места на меморија и создавање историја. Музеите не се неутрални и не ја одразуваат објективната реалност, туку се и агенти во динамичниот збир на процеси во контекст на градењето на нациите, оспоруваните истории и соодветните наративи. Затоа, преку ова издание  авторите и поткастите даваат свој придонес кон критичните и различните перспективи и пристапи за улогата и функцијата на музеите во регионот во контекст на справувањето со минатото.

Open magazine articles

Број 20

07/2022

Никогаш повеќе …? Западниот Балкан и војната во Украина

Датумот 24 февруари 2022 година означува голема промена во Европа. Од крајот на Втората светска војна, слоганот „Никогаш повеќе!“ ги симболизираше политичките, економските и културните напори за спротивставување на војните и насилните конфликти, националистичките наративи, холокаустот, геноцидот и грубото кршење на човековите права. Овој датум силно ја нагласува европската различност, ја слави инклузивноста, и од нас бара да сме одговорни и да учиме од минатото.

Open magazine articles

Број 19

04/2022

19-тото издание на Балкански.перспективи е посветено на младите генерации од Западен Балкан, нивните мотивации и предизвици во различни области поврзани со справувањето со минатото, градењето мир и процесите на помирување.

Open magazine articles

Број 18

11/2021

Европската Унија играше и сè уште игра важна улога во контекст на транзициската правда и справувањето со минатите процеси непосредно по насилните конфликти во земјите од поранешна Југославија во 1990-тите и раните 2000-ти.

Open magazine articles

Број 17

07/2021

Ова издание на Балкански.перспективи се обидува да додаде уште еден поим на овие дискусии. Балкански.перспективи # 17 „Насилство – траумата и војната во архитектурата и јавните простори” е критичен одраз за тоа како траумата, војната и насилството ја обликуваа непосредната околина, зградите и местата во кои живееме, со што траумата стана дел од нашето секојдневие, придонесувајќи за величање на насилството и етно-националистичките дискурси.

Open magazine articles

Број 16

05/2021

Во 2021 година се одбележува 30-годишнината од настаните што доведоа до насилно распаѓање на Југославија. Наративите за насилство и војна сè уште одекнуваат во регионот на Западен Балкан преку етноцентричните политики, ревизионистичкото прераскажување на историјата

Open magazine articles

Број 15

12/2020

Во претходните изданија уредничкиот тим на Балкански.перспективи ви укажа како и зошто историјата во регионот на Западен Балкан се оспорува, се побива и се инструментализира. (Пре)пишувањето на историјата не е неутрален, туку намерен политички процес кој се обидува да утврди реалности и наративи и ги рефлектира односите на моќта во различни временски периоди. Во овој поглед, историскиот ревизионизам и негирање не можат да бидат само нормализирање на моноперспективните историски наративи.

Open magazine articles

Број 14

04/2020

Справувањето со минатото е тешка тема за разработување, особено во регионот на Западен Балкан кој е склон кон конфликти. Пред драматичниот влез на онлајн-платформите во овој регион, сите вистини од конфликтите беа подложни на манипулации од страна на лидерите и нивните пропагандни алатки за заживување на митовите за големите нации.

Open magazine articles

Број 13

13/2019

 

Open magazine articles

Број 12

10/2019

На 30 август, 2019, денот на исчезнатите не помина незабележано во земјите од поранешна Југославија. Се организираа маршови, се со цел да се привлече вниманието кон оние 10,000 луѓе, кои се уште се водат како исчезнати од неодамнешните војни.

Open magazine articles

Број 11

06/2019

Поминаа речиси дваесет години од крајот на војните во западниот Балкан. Поради својата разновидна, комплексна и богата култура и историја, регионот има многу причини за славење.

Open magazine articles

Број 10

11/2018

Кога минатото е создадено од приказни и интерпретации кои се контрадикторни и не се признаваат едни со други, каде што институциите не можат или не сакаат да ги признаат акциите и последиците од минатото, ниту наративите кои произлегуваат од минатото…

Open magazine articles

Број 9

03/2018

Добредојдовте во 9-тото издание на Балкански.Перспективи/Balkan.Perspectives/, списание на форумЗФД за соочување со минатото. Ова издание е посветено на темата на судските процеси и правдата во врска со неодамнешната историја на Балканот.

Open magazine articles

Број 8

11/2017

Во последниве денови ние како тим разговараме за театарска претстава со актери од целиот Балкан. Тие ги претставуваа своите спомени и приказни од нивниот живот, кои беа многу потресни. Но, она што остави најголем впечаток беше фактот што сите овие приказни станаа поврзувачки белези на една заедничка историја која имаше огромно влијание врз нивниот живот

Open magazine articles

Број 7

06/2017

Иако војните во Западен Балкан не можат да се опишат исклучиво како верски конфликти, улогата на религијата не треба да се изостави кога се зборува за справување со минатото на Западен Балкан. Многу иницијативи за мир се поврзани со религиозни движења, а термините како помирување и простување потсетуваат на верските вредности што ги промовираат повеќето религиозни институции

Open magazine articles

Број 6

12/2016

Балканот е регион каде што границите се сменија неколку пати низ историјата. Тие беа наметнати од страна на странските сили, прецртани, сменети, раселени и оспорувани во текот на годините. Со подемот на национално – државниот концепт и против големата нестабилност во регионот, национализмот се прошири низ регионот во текот на минатиот век а, значително во сегашноста.

Open magazine articles

Број 5

09/2016

Welcome to the fifth issue of the Balkan.Perspectives, forumZFD’s magazine on dealing with the past. This current issue is dedicated to the topic of gender and numerous questions on why gender matter in the process of dealing with the past.

Open magazine articles

Број 4

04/2016

Справувањето со минатото е широка тема. Toa опфаќа многу процеси кои општеството може да ги поднесе особено кога се однесува на насилството и политичкото потиснување во своето минато. Во претходните изданија испитувавме апстрактни и емоционални теми како што се сеќавање на минатото, комеморација на знајни и незнајни херои и како преживеаните се справуваат со оваа траума.

Open magazine articles

Број 3

11/2015

Насилство, конфликт и војна,се има свој крај. Меѓутоа, настаните од минатото се уште ги прогонуваат оние кои доживеале насилен конфликт.Во најновото издание на Балкански.Перспективи ние затоа се фокусираме на психолошките ефекти на војна и конфликт. Сакаме да се привлекува внимание на оние кои се уште се погодени од минатото. Луѓето кои биле трауматизирани како се справуваат со своите искуства? Каква поддршка имаат тие од општеството и каде се запоставени?

Open magazine articles

Број 2

06/2015

Принцот на белиот коњ, молчалив витез кој се бори против злото, силниот и висок полу-бог од античките митови, се ликови на херои од приказните коиштoне тешат и нè тераат да веруваме дека доброто победува над злото. Во време на конфликт и војна, овие ликови тешко е да се раздвојат. Херојот на едните, ќе биде најголемиот непријател на другите. Тогаш кој одлучува кој е добриот, а кој лошиот?

Open magazine articles

Број 1

02/2015

Војните секогаш претставуваат тешка катастрофа за општеството, бидејќи тие го уништуваат социјалниот поредок и го соочуваат поединецот со насилство и смрт. Тие го менуваат идентитетот на сите учесници вклучени во конфликтот. Поствоените општества на регионот во Западен Балкан, создадоа разни наративи на минатото, што во најголем број случаи се во меѓусебен конфликт и често под влијание на етноцентричкото гледиште.

Open magazine articles