Етничката фрагментација на училиштата во Босна и Херцеговина не е евидентна само кога станува збор за историја како предмет. Како да се оди напред? Наставниците и учениците нека преземат иницијатива, сугерира Мелиса Фориќ.
Одговорот на прашањето “Како да се научи историјата во Босна и Херцеговина?” не е лесен за формулирање, барем не за оние кои немаат доволно познавање за структурата на постдејтонската Босна и Херцеговина и нејзините општествени односи – карактеризирани со длабоки етнички поделби. Образовниот систем целосно ја одразува административната организација на земјата и нејзината поделба во два ентитета, Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска, како и областа на Брчко. Исто така, Федерацијата се состои од десет кантони. Постојат различни министерства кои пропишуваат и имплементираат различни закони од областа на образованието, односно ги дефинираат наставните програми и ги одобруваат учебниците за сите основни и средни училишта.
Длабоко вкоренета поделба
Покрај горенаведената административна фрагментација во Босна и Херцеговина, многу порелевантна поделба е внатрешната поделба на образовниот систем во три системи врз основа на етнички идентитет – бошњачки, српски и хрватски. Длабоките корени на оваа поделба се враќаат во војната од 1992 до 1995 година, и овие системи продолжуваат да постојат легално и без проблем до денес. Нивната заедничка карактеристика е изразена еднострана перспектива и взаемно исклучување. Образованието се гледа како средство за создавање на три различни етнички истории, јазици и култури – наместо средства за развивање на заеднички државен идентитет. Најапсурден резултат на таков систем е постоењето на феноменот на “две училишта под еден покрив”, со различни влезови и часови кои почнуваат во различни часови во делот населен со Бошњаци и Хрвати.
Историјата е дел од основната национална наставна програма и како таква е од особена важност за сите три етнички групи во Босна и Херцеговина. Ова е потврдено и со различни имиња користени за овој предмет во три јазични варијанти – босански (хисторија), српски (историја) и хрватски (повијест). Иако Рамковниот закон за основно и средно образование во Босна и Херцеговина дефинира дека заедничката суштинска содржина на наставните програми ќе гарантира дека позитивниот однос и чувството на припадност кон државата Босна и Херцеговина се развива преку образовниот процес (член 43), предноста е дадена на националната историја.
До пред неколку години, во наставните програми и учебници што се користеа во делови на Босна и Херцеговина со хрватско мнозинство, како и во Република Српска, националната историја беше интерпретирана како историја на хрватскиот или српскиот народ, додека Босна и Херцеговина беше едвај спомната. На некој начин, ова е резултат на долгата практика на увоз на учебници од Србија и Хрватска, што траеше до 2002 година. Интервенциите резултираа со одредени промени, воведување на содржини кои, патем, исто така, опфаќаат теми поврзани со историјата на територијата на Босна и Херцеговина .
Во меѓувреме, во учебниците во области со бошњачко мнозинство, националната историја се сфаќа како историја на Босна и Херцеговина.
Позадината на сите овие промени вклучуваше напорна работа од серија комисии на државно ниво формирани на иницијатива на Мисијата на ОБСЕ и Советот на Европа во Босна и Херцеговина. Тие работеа на усогласување на наставните програми и развој на заеднички основни содржини за историјата и другите национални предмети, како и отстранување на навредливи содржини од учебниците и подобрување на квалитетот на учебниците. Додека некои од наведените интервенции беа во голема мера козметички по природа, има некои очигледни подобрувања.
Каде се интересите на учениците?
Сето ова изгледа доста комплицирано, па дури и хаотично, и не тера да почнеме да се прашуваме: каде се интересите на учениците засегнати во сето ова? Или дали политиката и националните интереси на политичарите се поважни? На ова прашање најмногу може да одговорат наставниците. Тие се оние кои најдобро ја знаат ситуацијата на терен, во училницата, во нивната секојдневна комуникација со учениците и нивните колеги. Благодарение на нивната улога и одговорност, тие често се обидуваат да се справат со овие пречки. Фактот е дека наставните програми се концептуално застарени, дека учебниците и покрај сите подобрувања честопати се недоволен извор на информации, особено бидејќи тие нудат само еднострана перспектива. Како такви, наставниците по историја често се наоѓаат во потрага по нови извори и можности за подобрување на квалитетот на часовите по историја.
Воведување мултиперспективност против пречки
Ова можеме да го видиме како промена одозгора: ако системот не дозволува подобрувања, наставниците се уште можат да го подобрат начинот на кој учат, преку креативност и изготвување на позитивни вредности пропишани во содржината на наставната програма. Иако мандатите на институциите на релевантните министерства – како што се образовните и педагошките институти имаат обврска да им дадат на наставниците можности за продолжување на нивниот професионален развој, ваквите примери се ретки. Доживотно учење, вклучено во образовните стратегии на речиси сите европски земји, е речиси апстрактен поим во нашиот случај. Со оглед на недостатокот на формална обука, наставниците со задоволство вложуваат во самостоен развој и јакнење на сопствените компетенции. Бројни невладини организации и професионални организации организираа разни конференции, семинари и обуки во областа на историјата во изминатата деценија, а заедно со наставниците од Босна и Херцеговина развија дополнителни наставни материјали за часови по историја.
Вреди да се споменат иницијативите на Советот на Европа и ОБСЕ, како и работата на невладините организации како што се Европската асоцијација на историски едукатори (EUROCLIO), Асоцијацијата на наставници по историја на Босна и Херцеговина (EUROCLIO HIP BIH), Центарот за демократија и помирување на Југоисточна Европа (CDRSEE), ForumZFD и други. Дополнителни наставни материјали, како што се учебници по историја, компендиуми од извори или работилници за контроверзни и осетливи теми и културата на сеќавање, се позитивен чекор кон целите кои беа дефинирани и коренирани во европската практика на настава по историја одамна.
Иако тие промовираат повеќе перспектива, активно учење, работа со извори и независно критичко размислување, ваквите материјали најчесто не се одобрени и препорачани за употреба од страна на надлежните министерства. Сепак, нивната вредност е препознаена од страна на наставниците кои присуствувале на семинари и обуки – кои најчесто се одржуваат за време на викендите, бидејќи секое отсуство во текот на работните денови бара одобрение од надлежната институција. Можноста за обука и стекнување на нови знаења и техники за обука, запознавање со колеги од различни делови на Босна и Херцеговина и платформа за размена на искуства, беше опишана како голема предност од нив. Нови идеи, техники, наставни материјали кои се директно вклучени во училниците на тој начин стануваат перспектива за надминување на разликите, пречките и стереотипите.
Ние знаеме дека наставниците ги прифаќаат овие материјали и методи и ги користат во класот, барем за оние делови од наставната програма што им овозможува да дејствуваат автономно. Нивната креативност е добро прифатена од учениците, што ја зајакнува мотивацијата на сите нас што се занимаваат со ваква работа да продолжат да го прават тоа. Ако целта на часовите по историја е да ги научат децата да размислуваат за себе и да имаат критички став кон минатото, за да бидат активни граѓани на ова општество кои донесуваат независни одлуки, треба да инсистираме на висококвалитетни лекции за историја.
Мелиса Фориќ, родена во Сараево, во моментов работи како асистент професор на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Сараево. Пред тоа, работела повеќе од десет години во Центарот за балкански студии на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина. Автор е на неколку историски учебници за основни и средни училишта и коавтор на учебникот за предметот “Култура на религиите”. Дополнително, таа е секретар на Здружението на наставници и професори по историја на Босна и Херцеговина и учествува во разни меѓународни проекти од областа на историјата, наставата и културата на сеќавање.