Ние, за време на војните и по нив

Кога се случуваат војните во светот, како оваа актуелна во Украина, нас, жителите на Балканскиот Полуостров, тоа нѐ потсетува на нашата историја и на несреќите кои секоја генерација ги имала со векови наназад. Ширум нашите терени има споменици, но и урнатини кои секојдневно нѐ потсетуваат на воените дејствија кои се случувале тука. Речиси да нема семејство во поширока смисла, кое нема […]

Руско-украинскиот судир и фрагилноста на македонскиот политички амбиент

Руската инвазија врз Украина, започната во февруари 2022 година, ја промени политичката клима во Европа и во светот и најави нова ера на односи на глобално ниво, која допрва треба да ги добие своите контури во постконфликтниот процес, и која ќе биде базирана на комплексноста која произлегува од новонастаната реалност на мултиполарниот свет. Глобалните сили евидентно ќе[…]

Зошто новинарството е мировна мисија?

Со цврсто уверување дека новинарството како сила на одговорен, професионален и етички јавен говор има потенцијал за создавање демократско и отворено општество, во оваа статија ќе изразам неколку лични размислувања за тоа зошто новинарството го доживувам како мировна мисија, особено во постконфликтно општество како што е Босна и Херцеговина, во кое – под влијание на националистичката политика[…]

Генерацијата „млади“

Историјата на Босна и Херцеговина има многу да каже за младите што живеат таму. Тие зборови, сепак, допрва треба да го најдат својот пат до нешто што е заедничко за сите. Обележани со мултиетнички, мултикултурен, мултијазичен и мултинационален соживот, сè уште не можеме да го финализираме процесот на градење мир, или барем воспоставување траен дијалог. Мирот не[…]

Условeноста на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) и усогласеноста на Македонија

Со создавањето на регионални организации за спроведување на стандардите за демократија, човекови права и владеење на правото од страна на Европа, се очекуваше дека масовните злосторства слични на оние кои се случија за време на Втората светска војна нема да се повторат на европскиот континент. Сепак, 40 години подоцна, Европа беше погодена од масовното насилство кое се[…]

Минатото како сегашност, младоста како иднина

Несомнено, стереотипите и предрасудите сè уште го обликуваат нашето однесување и одлуките што ги носиме. Наративите за „другите“ и културата на сепаратистичко дејствување не се во интерес на младите, на државата или на кој било друг чинител кој со години инвестира во европскиот пат на Босна и Херцеговина. Тоа е значителна пречка за здравиот дијалог, за процесот[…]

Транзициската правосудна рамка на ЕУ се соочува со негирање на минатото во поранешна Југославија

Интервју на Шербезе Хаџиај Извештајот на Европската комисија за напредокот на Косово за 2021 година сугерираше дека земјата развива „сеопфатна стратегија“ за транзициска правда, вклучувајќи сеопфатен пристап за решавање на нејзиното минато. Извршната власт на ЕУ, исто така, ги потсети белградските власти да покажат „вистинска посветеност“ на истрагата и судењето на случаите на воени злосторства. Ајдан Хехир,[…]

Политиките за проширување на Европската Унија и транзициската правда во Косово

Антон Вукпалај доцент доктор по политички науки на Универзитетот во Приштина Политиката на проширување на Европската Унија кон Западен Балкан многу рано го вметна помирувањето помеѓу поранешните непријатели како услов за земјите кандидати да влезат во Унијата. На Самитот во Загреб во 2000 година беше нагласено помирувањето заедно со консолидацијата на демократијата и регионалната соработка. На Самитот[…]

Преспанскиот договор- три години подоцна

Поминаа повеќе од три години од потпишувањето на Договорот од Преспа што стави крај на 25 годишниот спор  меѓу Грција и Северна Македонија, кој ги имаше нарушено билатералните односи меѓу соседите со децении. Македонија официјално стана Република Северна Македонија, а Грција ја крена блокадата на македонското членство во НАТО, го ратификуваше протоколот и веќе две години државава[…]

За бугарските претензии врз македонскиот етнички идентитет и јазик

Д-р Огнен Вангелов, доцент Универзитет „Американ колеџ Скопје“, С. Македонија Овој текст е краток преглед на тврдењата на Бугарија за македонскиот етно-јазичен идентитет, т.е.потеклото на македонскиот народ и јазик. Конфликтот околу етно-јазичниот идентитет на македонскиот народ кој живее во поширокиот регион на Македонија (во денешна Северна Македонија и делови од Бугарија и Грција) е изнесен во прв[…]

Транзициската правда и европската интеграција

Европа како заедница на вредности или само уште една економска унија? Европа кон која се обраќаме кога станува збор за добивање на вредни и важни искуства за изградба на подобро општество или банкомат за покривање на краткорочните барања на гласачите? Тоа не се ниту нови, ниту непознати прашања, особено не во Србија. Тие се поставуваат уште откако[…]