‘Босна е заглавена’ во лажната култура на спомени

(Фото: www.church-and-peace.org | Извор: www.balkaninsight.com)

Босански универзитетски професор Лјубинка Петровиќ-Зимер вели дека културата на тишина во Босна-и селективно или политички мотивирани култури на сеќавањето на војната-ја кочат Босна од значајно здобрување.

Нејзините предупредувања се вклучени во новиот труд под наслов:”Културите на спомени во Сараево или долготрајна потрага по мултиперспективност и интеграција”.

“Ние сме заглавени во минатото” изјави таа за Бирн.” Имавме доверба во обвиненијата за воени злосторства и во нашите визии за правда судовите беа натприроднo моќни”.

“[Но] секоја национална група се надеваше дека  пресудите ќе ги задоволат нивните очекувања.Затоа сите се крајно разочарани”, додаде Петровиќ-Зимер.

“Сега, ние ја продолжуваме борбата за правда преку медиумите за да се компензираме.Секојдневно читаме за масовни гробници,комеморации и погреби.Не дозволуваме да се заборави за војната”.

“Кога ги анализираме тие извештаи, јасно е дека тие имаат форма слична на пресуда,во која жртвата и сторителот се именувани.Задоволството се бара надвор од судницата”.додаде таа.

Петровиќ-Зимер објаснува дека војната 1992-5  продолжува да влијае на секојдневието и односите на луѓето,особено меѓу различните заедници.

“Во бошњачко-српските разговори дури и најнеполитичкиот дијалог неизбежно ќе се сврти кон неколку клучни прашања за карактеризации на војната и класификација на злостроството во Сребреница”, забележи таа.

“ Дали некој  е веродостоен или љубезен , не може да се докаже преку карактерот на еден човек, туку преку прашања поврзани со војната”,додаде таа.

Осврнувајќи се на селективно и политички мотивирани  официјални култури  на спомени  во трите главни бошњачки, хрватски и српски заедници, Петровиќ-Зимер вели дека  од витално значење е да се утврди кои сеќавања се табу тема и зошто.


“Многу малку знаеме за феноменот наречен тишина. Ние најчесто  ја гледаме и осудуваме други. Тишината е како злосторство: Ние го оправдуваме нашето сопствено зло и  ги осудуваме другите за тоа, затоа што тоа за нас значи негирање на злосторство. Разбирање на нашата сопствена  тишина може да ни помогне да пријдеме на други со вистински дијалог а не со осудуа, што е деструктивно “, објаснува таа.

Друг раздор кој влијае на начинот на кој минатото е запаметено, според Петровиќ-Зимер, се воени споменици, кои се градат без планирање и контрола.

“Ние сме на добар пат да станеме земја на некрополи. Често се сеќавам на зборовите на германскиот социолог Велцер во вркса со ова, кој рече: “Што поголем е хоризонтот од минатото, се потесна е перспективата за иднината”, рече таа.

Раздорни места на сеќавање:

Во  трудот, Петровиќ-Зимер дискутира за улогите на изложбата за опсадата на Сараево во Историскиот музеј и постојана изложба за геноцидот во “Сребреница 11/07/95” галерија, во развојот на инклузивна култруа на спомени.

Таа забележува дека изложбата Сараево ја класифицира  војната во Босна и Херцеговина, како “акт на агресија”, иако ова прашање е строго оспорено од повеќе Срби.

“За младите луѓе да бидат во можност да се вработат во некоја државна институција во Сараево, важно е ,кога се зборува за чувствителните теми да се приредат различни перспективи за истите”, рече таа.

“Изложбата за Сараево би можела да стимулира критичко размислување  ако истата приреди различни ставови во врска со карактерот на војната”, додаде Петровиќ-Зимер.

Слично на тоа, прашањата дали масакрот во Сребреница претставува чин на геноцид или не, останува чувствителна тема.

“Никој од нас не може да ja заборави Сребреница, без оглед на тоа како ние гледаме на криминал. Живеење со вистината дека се случил геноцид во нашата земја влијае врз сите нас. Тоа е криминал кој буквално не можеме да го преболиме “, рече таа.

За жал, сепак, Сребреница понекогаш се користи за “помолчување и уценуавање” на луѓе, продолжи таа.

“Една реакција на потребата да се разговара за злосторства против Србите во Сараево е дека овие злосторства не можат да се споредат со Сребреница”, истакна таа.

“Но, за соживот во Сараево,за да се преживее, мора да се признаваат злосторствата против малцинските групи, затоа што молчењето за овие злосторства ја зголемува желбата на малцинствата да го напуштат градот и и се заканува на иднината на Сараево како мултикултурен град,” продолжи Петровиќ-Зимер.

Нема помирување без признавање на злосторства:

Иако  воените злосторства, се претежно индивидуални дејства, Петровиќ-Зимер вели дека општеството има политичка и општествена одговорност за жртвите, која  треба да се исполни со цел да се развива соживот.

“Мирната коегзистенција почива на почитување на принципот  не-штети . Ако има злосторство , тоа мора да се класифицира како неприфатливо во општеството  и жртвата мора да добие гаранција дека нема да се повтори. Ако такви минимални услови не се исполнети, не е одговорно,на пример, да барате од бегалците да се вратат”, рече Петровиќ-Зимер.

“Колективизација на вина – коja верувам дека не е продуктивнa – од позиција на жртвата е средство кое се користи за да се покаже дека заедницата во која имаше злосторство, сеуште нее претворена  во заедница која може да гарантира дека тоа нема да се повтори. Во суштина, ова значи дека принципот не-прави-лошо,уште не постои “, додаде таа.

Зборувајќи за нејзината мотивација да го напише трудот за културата на спомени во Сараево, Петровиќ-Зимер вели дека сака да го потенцира фактот дека злосторствата врз Србите во Сараево не се дел од интегрираната меморија на опсадата на градот, и дека беше можно да се пишува за овој дефицит без релативизирање на хоророт  претрпен од страна на граѓаните на Сараево со напади од страна на војската на Република Српска.

“Мојата најсилна мотивација е одговорностa што ја чувствувам кон идните генерации”, рече таа.

“Колективизација на вина е дел од јавната меморија, која ги принудува новите генерации да се сеќаваат на војната од ровови. Повоените генерации не се воени злосторници или жртви. Одбивање да се биде жртва и одбивање колективна вина не смее да доведе до заборавање. Мислам дека никој од нас нема право да ги заглави  младите луѓе во антагонизирани колективи и да се спречи заедничка иднина”, рече таа.

“Тие не смеат да станат заложници на нашите фрустрации и пропаднати надевања”, заврши таа.