Живеам за да зборувам за тоа

Нашиот автор, Дардан Хоти, се сретна со една многу силна жена, која ја претвори својата куќа во музеј за да се бори против заборавот.

Не се слушаат никакви гласови покрај дамата на куќата, Фердоние Черкези. И покрај тоа што не е нејзината професија, сега таа работи како водич. Често, гласот ја издава, во нејзиниот дом, кој сега официјално е музеј. Куќата е тивка и празна. Сепак, таа е полна со сеќавања и болка што само таа може да ни опише. Можеби ова е музеј  кој таа би сакала да не постои. Меѓутоа, преку овој музеј таа ги едуцира и негува генерациите во Косово. Со нејзините моќни емоции и визуелната вистина на куќата, таа се чини дека е најтажниот учител на Косово.

Таа зборува за играчките, за предметите, за сликите и за облеката што сега е прикажана. Еднаш, тие биле користени од пет други членови на семејството, кои веќе не се тука. Се сеќава на сите петмина од март 1999 година. На 27 март, група маскирани полицајци ги зеле. Заедно со петте мажи од нејзиното семејство, маскираните полицајци зеле шест други мажи, вкупно единаесет. Нејзините четири сина: Едмонд, Артан, Ардијан и Арменд, и нејзиниот сопруг Халим. Подоцна, го одвеле нејзиниот внук Вегим, нејзините соседи, Скендер Дилхасиј со неговиот син Муртеза. Заедно со нив, го одвеле нивниот семеен пријател Шпејтим Имерага  со два сина од семејството Јетиши кои баш во тој момент биле во нивната куќа, Шпенд и Фатос.

Таа сè уште не знае ништо за тројцата членови на нејзиното семејство, освен коските на нејзините двајца синови кои ги закопа во 2005 година. Таа продолжува да бара знак од другите.

Иако во тага, Фердоние  одлучи да му каже на светот што се случило во нејзиниот дом, и покрај  солзите, кои  таа едвај ги контролира. Таа никогаш не се откажала. Од денот по ослободувањето на Косово до денес таа е дел од бројни протести и состаноци, барајќи да се открие судбината на исчезнатите. Нивното постоење е трансформирано во жив сведок за она што се случило во Косово пред 17 години. Таа продолжува до ден денес, раскажувајќија  својата приказна по илјада пати на сите луѓе кои го посетуваат нејзиниот музеј.

“Искрено кажано, секој од нас се навикнува на одредена професија. Ова раскажување на приказната стана еден вид професија за мене “, вели таа.” Не можам да се сеќавам колку луѓе ме посетиле во овие 18 години. Тоа е толку тешко, секој пат кога ќе ја раскажам оваа приказна повторно се враќам на тие моменти. Како беа одземени, како беа однесени. “

Ваквите случаи како овој на Фердоние, го претворуваат споменот од ментална состојба во активност. Веќе е многу добра во тоа, детално им кажува на гостите, без да заборави на должината на кошулите на синовите и сопругот. Таа зборува за секоја слика во рамките и за натписите напишани со едноставен компјутерски фонт, со помош на здружението “Thirrjet e Nënave”(Крик на мајката). Секој има приказна, а таа ги постави една по друга.

На еден агол од собата, некои искинати алишта се заклучени во стаклена полица. Истата облека што нејзините два сина ја носеа на денот кога беа заробени. Сега, тие се дел од нејзиниот музеј, како сеќавање, со желбата за чување на вистински работи. Овие спомени сега го создадоа односот со минатото и ги отсликуваат перцепциите за минатото. Друга лулка е онаа во една од собите. Тоа е лулка што одамна, Мајка Фердоние им ги пеела најубавите приспивни песнички на синовите. Лулката сега е празна, но таа еднаш веруваше и се надеваше дека ќе ја искористи за внуците.

“Јас ништо не сменив и ништо не исфрлив. Сè е тука, и ги гледам овие предмети. Ги чував и најмалите и наједноставните работи. Предметите што ги користеа во нивната ќебапчилница, играчките и сѐ друго “, вели Фердоние.

Во фиоките има неколку литри ракија што нејзиниот сопруг и синовите ја направиле со љубов. Прибор за готвење од “Орекс”, ресторан во сопственост на семејството Черкези. Во таа полица може да се најдат очила, часовници и други предмети. Над неа се поставени неколку пара чевли.

Постои приказна од минатото за секоја предмет. Минато што беше застрашувачко за Фердоние. Сега, таа  црпи сила од музејот, што таа го претвора во архива на спомени. Овие архиви сега се споделуваат и стануваат дел од колективното сеќавање.

“Фала му на Бога што сме слободни да ги раскажуваме овие приказни. Со тоа што ги криеме, никогаш не постигнуваме ништо. Секој не тераше да молчиме, а за среќа сега сме слободни, знаеме дека постоиме и имаме приказни за раскажување “, вели таа.

Иако нејзиното тело трепери од секој збор што излегува од нејзината уста, Фердоние се уште има сила: “Ако не беше вака, оваа куќа немаше да постои”.

Таа повторно се соочи со тешкотии. Не постои професионална индивидуална или државна поддршка за да се грижат за нејзините сеќавања. Државата сé уште нема назначено ниту едно лице да работи таму. Досега, единствената помош што ја добила од институциите е плочата поставена на влезната врата од страна на Институтот за заштита на спомениците во Ѓакова.

“Немам никој кој ќе биде одговорен за ова место. Според одлуката, вработениот требало да биде назначен за да се грижи за местото и за водичот. Една година помина, и никој не се појави, ништо не се промени. Ми беше кажано дека нема буџет. Исто така, покривот треба да се поправи. Ова е првото нешто што треба да се реши. Ми беше ветено, а јас чекам. Постои соба која ќе служи како канцеларија.Треба да се работи и за греење на куќата “,вели Фердоние.

“Тие ќе ја вакумираат облеката за остане таква каква што е. Бог знае само кога тоа ќе се случи. Тие ја донесоа облеката кога го најдов мојот најстар син. Облеката беше неизмиена. Самата си ја измив и ја оставив тука”, продолжува со својата приказна.

Нејзините приказни помагаат за поголем процес во општеството – за помирување со минатото. Проектите како што е музејот на мајка Фердоние  не можат да ги постигнат целите на транзициската правда, но можат да понудат поддршка. Тие имаат потенцијал да создадат простори за демократско вклучување и да го охрабрат ангажирањето на помладите генерации во човековите права.

Тие можат да го претстават минатото како нешто што не треба да се остави само на историчарите, туку како нешто што, ако не се прифаќа со чувствителност, може повторно да се случи.

Дардан Хоти

Дардан Хоти е новинар и уредник кој работел за разни медиуми во Косово повеќе од седум години. Тој ја доби новинарската награда за најдобра приказна за сиромаштија од страна на Косовскиот тим на Обединетите нации во 2013 година.