Моќта на уметноста во соочувањето со минатото

Photo Credit: Korab Krasniqi

Дардан Хоти

Еден од најголемите предизвици денес е правилното справување со различни видови  проблеми кои влијаат на суштината на нашето општество. Кога минатото е заклучено во фиоките на историјата, сегашноста е преоптоварена и нема многу простор за промена. Често, ова е последица на политичкото мешање бидејќи е погодно за политичките актери да ја пишуваат историјата за специфични интереси. Како што ни покажува примерот од Косово, овие теми се премолчени како резултат на премолчувањето на сопственото мислење, стигма или менталитет. Но кога се чини дека сите патишта се затворени, уметноста е таа која може да ја предводи промената.  Тоа е докажано низ различни примери од светот, но и од Косово. Последиците од неодамнешната војна, која остави илјадници мртви, изгоре и уништи домови, остави многу жртви на сексуално насилство и целосно уништена економија, се видливи сè до ден-денес, речиси две децении подоцна. Уметноста честопати се користи како начин на справување со она што се случило во реалноста. Еден добар пример од овој аспект е инсталацијата на косовската уметница од Лондон, Алкета Џафа – Мрипа. Инсталацијата „Мислам на тебе“ беше реализирана на стадионот во Приштина и ги допре најчувствителните теми во постконфликтното општество. Воедно, им даде глас на оние коишто долги години останаа тивки: жртвите на сексуалното насиство во Косово. За потребите на инсталацијата, беа  собрани фустани од самите жртви на сексуално насилтво, без да се судат за „криминал“ што тие не го извршиле. Наместо тоа, овие фустани коишто беа донирани од нив и од други  во знак на солидарност, го натераа целиот свет да зборува за овие злодела. Во овој случај (но не само во Косово), се отворија очите на општеството пред многу чувствителна тема, но и гласот на овие жени беше надалеку слушнат.

Џафа – Мрипа е една од многуте уметници кои преку уметничката платформа успеаја да допрат до многу важни теми. Добро позната косовска пејачка и архитект Елиза Хоџа е уште еден пример. Неодамна, таа го претставуваше Косово на Венециското биенале на архитектурата со инсталацијата „Овој град е насекаде“.  Хоџа ги поврза архитектонскиот и уметничкиот аспект во косовскиот павилјон преку  нејзината презентација на историската перспектива на земјата. Таа се осврна на деведесеттите години, кога во земјата беше развивано паралелното образование.

За неа уметничкото изразување е суштинско кога се адресираат различни општествени проблеми, без разлика на тоа дали се од минатото, дали се табу или се други проблеми кои се присутни во општеството.

„Честопати во овој контекст уметноста започнува дебата на многу нежен и ненаметлив начин преку кој таа креира засолниште за минатите настани, за болката и за многу недоречени работи кои се резултат на општествениот менталитет.” Често, уметниците допираат до проблеми за кои општеството не е подготвено да зборува или да дејствува” вели Хоџа, која во последните две децении ја употребува својата уметност за да ја подигне свеста за проблемот со исчезнатите лица од војната во Косово, како и за жените кои биле силувани.

„Зборувајќи за последниот проект, за кој процесот траеше две години, вклучувајќи истражување и дискусија со заинтересираните страни  со цел да се разбере проблемот од корен, притоа секогаш обрнувајќи внимание на чувствителноста на темата. Во време кога постојат многу  асоцијации кои работат со овие жени, но кои не успеаја да зборуваат во јавноста, овој проект ја прекина таа тишина и ја отвори вратата за многуте настани на кои темата им беше токму овој проблем” вели Хоџа. Според неа, уметноста успева да помогне во процесот на соочување со минатото со тоа што меморизацијата поминува низ многу креативен формат. Хоџа вели дека сеќавањето за минатото е важно за да можеме да се олесниме во поглед на многу индивидуални и колективни прашања.

Но, ефектите може да варираат. Некогаш за да скршите табуа, некогаш за да отворите дебата, некогаш да притиснете за да продолжи некој процес, некогаш да бидете глас на обесправените, некогаш за да мобилизирате и сочувствувате, некогаш за да регистрирате и меморизирате и повеќе” вели Хоџа, која пред еден месец, заедно со нејзината изложба беше дел од фестивал кој се одржуваше во Белград и кој имаше за цел да приближи два народи (да се соочат лице в лице со минатото): Албанците и Србите. Иако државата се соочи со многу теми, особено со историјата од деведесеттите, јасно е дека сè уште има простор за работа. Фактот што Хоџа беше запрена на границата додека патуваше заедно со нејзиниот тим од фестивалот „Mirëdita, dobardan“, а и тоа што дел од нејзините фотографии беа конфискувани, е силен индикатор дека ситуацијата треба да се подобри. Пред неколку дена, истата судбина го снајде и уметничкиот критичар и аналитичар Шкелзен Малиќи, на кој му беше забранет влез во Србија. Тој патуваше таму за промоцијата на монографијата во која беа обработени повеќе од 20 години  од уметничка соработка помеѓу Белград и Приштина, најмногу фокусирајќи се на изложбата од 1997 година насловена како „Преку“, која што Малиќи, заедно со четири уметници од Косово, ја прикажа за прв пат во Белград

„Уметноста може да се користи како медиум, но тогаш постои голем ризик да биде искористена како алатка на пропагандата и да им служи на идеологии и политики,со што ќе се деградира себеси, иако ќе се оправда со добри намери”, вели Малиќи. Според него, уметноста не ја користиме за да се соочиме со минатото, туку уметноста го користи минатото, исто како што прави и со другите теми, и е медиум за да се остварат уметнички дела и артефакти.

„Тоа што историјата или етиката го користат за да се објасни минатото, уметноста не го прави. Доколку ја сфатиме уметноста така, таа се трансформира во илустрација. Уметноста бара длабочина, комплексна уникатност на настаните од минатото или сегашноста, па дури и димензии што не се когнитивни и немаат едукативен карактер, но со возвишени искуства од целокупните животни ситуации. Аристотел овие искуства ги нарече катарза или ослободување на емоции, шок во разбирањето и неразбирањето на мистеријата на животот, со аспекти што во исто време може да бидат трагични, среќни, комични итн.”, вели Малики.

Освен уметничкото изразувње преку фотографија, инсталации или визуелизација, друг многу важен медиум кој може да се употреби е театарот. Добро познатиот драмски писател Јетон Незирај веќе направи неколку претстави преку кои го тестира минатото. Тој вели кога драмата ќе стане јавна или преку публикација или сцена, на некој начин ја соочува публиката со минатото. Според него, уметничката конфронтација е многу важна.

„Всушност, би рекол дека формите на уметничко изразување или која било дисциплина на уметноста остануваат најефикасниот медиум во соочувањето со минатото. Особено театарот. Нормално, театарот не може да тврди дека ја прикажува вистината во целост, но ја тврди својата уметничка вистина. Театарот поставува прашања кои ги засегаат дејствијата од минатото кои не биле целосно откриени, а се покриени со митови, оптоварени со невистини, преоптоварени со лажна слава, со криминали за кои што сè уште никој не е целосно подготвен да зборува итн.”,  вели Неризај, кој се обидува да ја покаже уметничката вистина преку неговите театарски претстави „Карла дел Понте пие кафе од ванилин чај“ или „Една театарска претстава со четири актери”, „Балкански бордел” и други.

„Театарот станува неопходен форум кој преку поставување на прашања се обидува да го исчисти општеството од минатото и во исто време да ја подигне свеста за иднината. Со други зборови, театарот се обидува да го подобри општеството со тоа што го потсетува општеството на своето минато, да го направи похумано, потолерантно за минатото да не се повтори” вели Неризај. Ова само докажува дека уметноста има моќ да го освести општеството за неговото минато, за минатото да не се повтори. Проблематичното општество во овој случај е она општество кое често потиснува, се крие и ја нема моќта да се соочи.