Со создавањето на регионални организации за спроведување на стандардите за демократија, човекови права и владеење на правото од страна на Европа, се очекуваше дека масовните злосторства слични на оние кои се случија за време на Втората светска војна нема да се повторат на европскиот континент. Сепак, 40 години подоцна, Европа беше погодена од масовното насилство кое се […]
Веќе подолго време историјата не е само наука за минатото, туку и алатка која политичките елити ја користат за да ги постигнат своите политички цели. Оваа злоупотреба на минатото е очигледна и во Босна и Херцеговина. Можеби не до степен до кој е присутна во Хрватска и во Србија, но брановите на историскиот ревизионизам од Хрватска и[…]
Социјалните промени, особено оние кои се резултат на конфликт, ги поттикнуваат заедниците и поединците да се преиспитуваат кому припаѓаат и зошто, и која е основата на нивниот идентитет. Тоа претставува плодна почва за ревизионизам бидејќи прашањето за припадност – особено по пресврти коишто резултираат со губење на заедничкиот идентитет (како што беше случајот со југословенскиот идентитет), е[…]
Четиринаесет години по усвојувањето на Законот за рехабилитација од 2006 година, тешко може да се најде надлежен суд во Србија кој не донесувал пресуди според горенаведениот закон.[1] Сепак, во овој напис посебно внимание ќе се посвети на работата на Окружниот суд во Шабац. Како прво, Окружниот суд во Шабац беше меѓу најпосветените во усвојувањето на барањата за[…]
Интелектуалните елити беа клучен фактор во конституирањето на националната свест и идеологијата на политичкиот национализам во Европа во 19 век. Постојат многу докази за главната улога која ја имале интелектуалците, пред сè историчарите, и при генерирање и при ширење на националистичките идеологии и доктрини на „младите“ европски народи. Ним им била доделена благородна задача да создадат, воспостават[…]
Постои константно, неискажано, но имплицитно определување на историјата и како наука и како наставна тема која треба да биде подложена на постојано ревидирање. Ова определување претворено во постулат се зема здраво за готово и од вистинските научници и истражувачи, и од наставниците, како и од демократските општества и држави воопшто. Импулсот за ваквото ревидирање произлегува од спроведувањето[…]
Оваа статија има цел да обрне внимание врз пристапот на учебниците за основните и средните училишта во Косово и во Србија, одобрени од ресорните министерства за образование, во врска со настаните во Косово во временска рамка од скоро еден век (1912 – 2000). Целта е да се споредат описите дадени во овие историографски списи, да се разгледаат[…]
Крајот на Втората светска војна доведе до остварување на долгогодишниот сон на македонскиот народ за создaвање на сопствена држава. Имено, на Првото заседание на АСНОМ беше прогласена првата македонска држава. На истото заседание на АСНОМ беше избран и Президиумoт (Претседателството) на АСНОМ. За прв претседател на Президиумот беше избран Методија Андонов-Ченто. Станува збор за човек кој веројатно[…]