Колку е критичко размислувањето на младите во нашето општество?

Како што мостовите се важни за преминување од едната до другата страна на реката, така се важни и младите и нивната улога со која овозможуваат нашето општество да продолжи да оди напред. Сите ние би биле благодарни за постоењето на еден безбеден мост кој би не задржал и не би ни дозволил да паднеме во реката. Но, што е тоа што прави да се чувствуваме побезбедни додека поминуваме преку еден мост? Веројатно материјалите од кои е направен мостот. Истото се однесува и на младите, кои можности им се дадени  на располагање за да станатотпорни? Дали младите воопшто ќе бидат „изградени“ на начин на кој би го преживеле високиот притисок врз нив? Дали тие можат да разберат сè што се случува околу нив?

Овој текст се обидува да претстави еден начин на анализа на образованието што го добиваме ние, младите од ова општество, како и кои се нашите вештини за критичко размислување. Како личност која припаѓа на младатагенерација, свесен сум дека имам уште многу работи да доживеам и да видам. Секогаш кога ќе наидам на нов предизвик, ги насочувам кон него сите мои сфаќања кои сум ги стекнал во минатото, што значи дека ќе се чувствувам удобно само кога ќе се соочам со познати ситуации и дека почнувам да се колебам кога ќе се соочам со непознатото. Ова често се случува кога разговарам за работи за кои знам малку. Со самиот факт што знам од каде доаѓа мојата фрустрација, лесно можам да кажам дека реакциите на другите доаѓаат од истото место. Очигледно е дека во некои слични ситуации луѓето ги доживуваат истите фрустрации. Ги набљудував другите луѓе, особено младите, на обуките на кои сум имал шанса да учествувам или да ги модерирам, и забележав декакога и да има дискусија на тема што не им се допаѓа, се чувствува тензија во воздухот. Тоа се случуваше почесто во случаите кога имаше дебати за родовата еднаквост, за абортусот, за сексуалниот идентитет, за правата и неправдите во други сценарија и многу други прашања поврзани со политичката ситуација во Косово, вклучително и последната војна.

Подобро е младите рано да бидат изложени на овие дилеми бидејќи така ќе изградат сопствено разбирање за случаите и на тој начин ќе бидат подготвени да ги создадат своите лични ставови. Секако, на повеќето од темите што постојано се појавуваат за дискусија нема дефинитивен одговор или има потреба од повеќе расветлување на нивните контроверзи. Сепак, покрај директното работење на тие прашања, сметам дека е важно  младите да научат и како да им пристапат. Како луѓе кои ја носат одговорноста за иднината, не треба да дозволиме стравот од сомневање да нè спречи да развиеме нови вештини. Кога постои сомневање, потребни се храброст и доверба: храброст како движечка сила која ќе нè турне, и доверба како алатка за да ги процениме мислењата на другите, без оглед на тоа колку сметаме дека се релевантни.

Двапати во последните две години имав можност да бидам дел од Школата за критичко размислувањеорганизирана од ТруАктив. Првиот пат присуствував како слушател, а вториот пат како модератор во Гњилане. Преку овој проект се вклучивме во големи дискусии со истакнати луѓе од Косово, познати по нивното влијание во општеството. Преку своите презентации, говорниците нè водеа низ некои области кои претходно за мене беа неистражени. Темите за кои разговаравме ги предизвикаа моите сфаќања и ми отежнаа во изнаоѓањето на прецизен одговор. Некои од темите за кои разговаравме се однесуваа на основните права кои ние како поединци ги поседуваме, политичките права кои произлегуваат од општествениот договор, одржливоста на нашата заедница и многу други дискусии со кои би се согласиле кога станува збор за нашата ситуација во Косово. Покрај мене,имаше и други учесници кои го образложија нивното сфаќање на прашањата за кои се дискутираше и заклучив дека времето кое таму го поминав навистина ми помогна во размената на ставови со другите учесници.

Она што го направи ова искуство навистина вредно за сите нас, а особено за мене, беше фактот што сите се надоврзавме на меѓусебните перспективи без да се трудиме некому да наметнуваме некакви идеи или да се фрустрираме ако нашите ставови не се прифатат. Секако, никој од нас немаше дефинитивни одговори за ниту едно од прашањата покренати од говорниците, но само фактот што бевме активно присутни на обуката нѐ натера да ги разбереме ставовите и да работиме заедно кон стекнување на подлабоко разбирање.

После Школата за критичко размислување, станав особено свесен за тоа како мојата перспектива се обликувапреку интеракција со луѓето со кои разговарам за работи кои со себе носат голем притисок. Навистина уживам во фактот што сега можам да останам отворен за различните ставови што луѓето ги искажуваат во дискусија. Еден од начините на кои јас станувам свесен за работите што се случуваат околу мене е преку разговор со други луѓе, при што го согледувам нивното сфаќање на работите и ги градам своите перспективи во однос на некое прашање.

Знам дека истото важи и за многу од младите кои решиле да се едуцираат преку различни обуки и програми како онаа на ТруАктив. Многу од младите што ги запознав претходно веќе донесоа одлука да се потрудат да ги стекнат вештините потребни за критичко размислување и со тоа да станат активен дел од општеството. Сметам дека е навистина важно за еден млад човек сам да почне да ја презема одговорноста за своето образование и да оди подалеку од она што нашиот образовен систем го нуди во формалните училишта.

Подобро би било времето поминато во училиштата попаметно да се искористи за учениците. Одлуката за едуцирање на младите значи дека имате одговорност да им ги обезбедите сите алатки што им се потребни за нивната иднина и за среќен живот. За учениците, способноста да научат да се потпрат на креациите на сопствениот ум е навистина од суштинско значење. Ова би придонело за едукација и на целото население. Навистина би сакал училиштата да усвојат нови начини на образование кои се поинтерактивни и поинтересни за учениците, а не да се спротивставуваат на некои промени. Оставете ги училиштата да направат некои безбедни простори каде што учениците навистина ќе уживаат да одат и да учат. На крајот на краиштата, кога еден млад човек знае дека може да се потпре на сопствениот умствен капацитет, тој/таа ќе знае и како да го цени сопствениот придонес.

Понатаму, на младите треба да им се обезбедат повеќе шанси да разговараат со луѓе од различни култури, а не само со луѓе од нивната заедница кои имаат исти сфаќања. Самата изложеност на различни заедница ќе му обезбеди на младиот човек повеќе перспективи од оние што тие се навикнати да ги гледаат. Човек лесно може да развие подлабока свест за работите кога соработува со луѓе од различни култури. Посебно за разновидна земја како што е нашата, нема да има смисла доколку младите не ги споделуваат своите идеи едни со други. Оваа различност се рефлектира во Парламентот и во секоја институција во земјата, каде што луѓето ќе се соочат со работа во различни средини, а со тоа ќе ги научиме младите преку пример како да соработуваат со други култури и како тоа ќе донесе подобри резултати во процесот на донесување на одлуки и на самите исходи.

Како последна забелешка, би сакал да нагласам дека помеѓу она што го видов во однос на тоа што нашето општество го обезбедува во поглед на вештините на кои се учат младите и степенот до кој младите треба да се потпрат на сопствените сили, навистина се надевам дека сите ќе размислуваме и ќе посветиме повеќе внимание за тоа кои се соодветните алатки што им се потребни на младите за да се изградат и да се трасираат стабилни патеки за да продолжат напред.


Арт Силај е млад активист од Косово и е регионално лице за контакт за Балканот во заедницата Unite2030. Во моментов е трета година на студиите по право на Универзитетот во Приштина. Фактот што е вклучен во различни невладини организации во неговата матична земја, ја отсликува неговата посветеност за внесување промени во неговата заедница. Тој, исто така, е силно посветен кога станува збор за одржливите развојни цели и се стреми да ја подигне свеста кај младите во контекст на овие цели.