Дејвид Толберт: Пресудите за Шешељ, Караџиќ и Готовина се разочарувачки

Извор: recom.link


Дејвид Толберт, фото Лаура Барисонци


Мислам дека работата на МКТЈ претставува мешана слика. Има многу што е постигнато, а некои многу важни одлуки и пресуди беа донесени за кои времето ќе покаже колку се успешми, се надевам,тие ќе им помогнат на жртвите и историското досие во регионот и пошироко.
Ние навистина треба да земеме  предвид дека ова е суд, и ние не се согласуваме со секоја одлука. Мислам дека во голем број на области  Меѓународниот суд има донесено добри одлуки. Јас ќе ги напоменам , особено,  одлуките во врска со геноцидот во Сребреница, и некои маркантни пресуди во врска со цела низа на области, како  во однос на кривичната постапка така и на развојот на суштинско меѓународно кривично право. Овие се од голема корист за жртвите и народите во регионот, а исто така помагаат да се обезбеди кривична одговорност пошироко – вели Дејвид Толберт во “Данас”. Дејвид Толберт е претседател на

Меѓународниот центар за транзициона правда (МЦТП), и поранешниот заменик-обвинител во Хашкиот трибунал. Како што тој посочи, во работата на Хашкиот трибунал имало и некои длабоки разочарувања, како  што е пресудата за Готовина , стандардот на “специфична насока” на Перишиќ  (кои сега се чини дека се решени во повеќе задоволителен начин  во одлуките подоцна), итн
Но,  судовите сегде прават грешки,  дозволува дури и големи бламажи кога се работи за правдата – продолжува Толберт.

 Од Јелена Дикович


Воислав Шешељ е слободен човек сега. Зошто мислите дека Меѓународниот суд во Хаг донесе таква одлука?
За среќа, ќе има жалба и во овој случај и шанса за Жалбениот совет да ја разгледа пресудата на Судскиот совет и да ја отфрли. Јас не мислам дека пресудата на Судскиот совет е убедлива, и во голема мера се согласувам со несогласување во случајот. Јас ќе кажам дека се работи за случај во кој некои од најсериозните обвиненија беа базирани на поттикнување  и овие случаи се тешки за докажување. Сепак, имало обвиненија за поттикнување за извршување на тешки кривични дела (за геноцид) во МКСР со овие преседани  предвид одлуката на МКТЈ е длабоко разочарување.Навистина многу тешка одлука  за да се прифати, особено за жртвите, но мислам дека ние треба прво да видиме што се правилата на Жалбениот совет, и да се даде можност да се справи со грешки во пресудата на Основниот суд, пред да создаваме конечна слика на работата на МКТЈ во овој поглед.

Дали беше задоволена правдата во случајот на Радован Караџиќ, кој неодамна беше осуден на 40 години затвор?
Според мене, пресудата во случајот на Караџиќ беше, генерално, сосема солидна. Судот успешно се снајде во  анализирање на фактите и примена на законот. Верувам дека пресудата ќе биде историска и се надевам дека се формира дефинитивна верзија на овие ужасни настани. Две точки на пресудата беа помалку убедлив според мене. Прво, врз основа на моето разбирање на докази, мислев дека Судскиот совет требаше да одлучи дека геноцидот нависитна постоел  на барем некои од општините, имаше силни докази. Покрај тоа, според мое мислење, ако некогаш може да се оправда доживотен затвор, тоа би бил  случајот на Караџиќ. Јас не разбирам зошто доживотна казна не му беше изречена, со оглед на планината од  докази  и тежината на злосторствата. Значи, јас бев, како и многу жртви и набљудувачи, изненаден од фактот дека казната не е доживотна затворска казна. Така, јас дефинитивно не се сложувам со овој аспект од одлуката на Советот.

А што е со процесот на помирување во регионот? Дали е можно, по овие пресуди и враќање на политичките партии од 90-тите години?
Мислам дека помирувањето е долготраен процес, и дека главниот фактор за постигнување помирување не доаѓа од пресудите на судот во Хаг. Некои од наодите на пресудите се многу важни, и да се надеваме дека тие ќе станат се повеќе широко прифатени. Најважно е негирањето да заврши, и државите и политичките лидери да преземат одговорност за извршени кривични дела за кои нивните претходници се криви, да се извинат, и да  плаќаат репарации. На крајот на краиштата, добрите луѓе во секоја од земјите во регионот треба да застанат во одбрана на вистината за тоа што се случило. Училиштата треба да почнат да ја кажуваат вистината за тоа што се случило во регионот, а не ширење на пропаганда.

Меѓународните судови можат да играат улога помагајќи да се воспостави евиденција, но на крајот  самите општества треба да да преземат одговорност. Само така можеме да се надеваме на помирување. За ова ќе биде потребно време и лидерство. Вили Бранд падна на колена пред споменикот на жртвите од Варшавското гето. Ние треба да видиме лидери кои ќе го направат истото на споменици во Сребреница. Мислам дека треба да има многу активно учество на граѓанското општество за  да се стави крај на негирањето. Во овој поглед, пресудите на МКТЈ може да играат важна улога, но прво и основно, на регионот му требаат луѓе како Бранд и Мандела да излезат и да ја донесат  вистината за тоа што се случило. Само тогаш можеме да почнеме да зборуваме за помирување.


Кои се плановите на МКТЈ во наредниот период?
Ние продолжуваме да бидеме многу активни на многу фронтови. МКТЈ нуди совети и техничка помош во Колумбија за мировниот процес, што е надеж за важна земја која се соочува со долг и крвав конфликт. Ние работиме во Тунис извонредната Комисија на вистината и достоинството  и совети за посебни човекови права.

Во Африка, ние ги ангажиравме  министрите за правда и јавните генерали на соседните земји во регионот да помогнат да се осигура кривична одговорност за сторителите на ужасни злосторства. На Блискиот Исток, се работи со групите на граѓанското општество за да се разбере какви чекори сега може да се преземат за да се помогне во решавањето на тажната криза на поместување- што влијае не само на овие простори, но, исто така, на делови од Африка и Азија.
Јас само што се вратив од разговорите со високи Афрички официјални претставници на Унијата на преодната рамка за правда на АУ, и заедно со Кофи Анан го започнавме заедничкиот извештајот на МКТЈ и на Кофи Анан  за комисии за вистината и мировните процеси, за кои сметаме дека ќе бидат многу корисни за учесниците во мировните преговори.

Да заклучиме: она што ми недостига најмногу од моите денови во Хашкиот трибунал е времето со луѓето од поранешна Југославија. Некогаш размените беа гласни и непријатни, но ми недостига времето со многуте пријатели и  партнери од целиот регион. Се надевам дека ќе се вратам наскоро.
Објавено во Данас, 06 мај 2016