Рамка на ЕУ за поддршка на транзициската правда

Линк: http://www.recom.link/the-eus-policy-framework-on-support-to-transitional-justice/

ЕУ ja усвои својата политичка рамка за поддршка на транзициската правда во Советот за надворешни работи во понеделник, 16 ноември. ЕУ е веќе активнa во поддршката на транзициската правда преку превенција на конфликти, одговор на кризи и активности за градење на мирот, безбедноста и развојот. Таа е една од најголемите финансиски приложувачи за транзициски правни иницијативи во светот, обезбедувајќи  финансиски средства за правда,  иницијативи за вистината, институционални реформи и репарациски програми вклучувајќи ги и преку поддршка на граѓанското општество и групите на жртвите.

Политичката рамка има за цел да осигура дека  ЕУ продолжува да игра активна  и конзистентна улога во својот ангажман со земјите партнери и меѓународните и регионалните организации за поддршка на процесите за транзициската правда . ЕУ ја нагласува потребата за конкретен, локален  пристап кон транзициската правда со права и учество на жртвите во суштина.

ЕУ промовира сеопфатен, долгорочен пристап за транзициската правда  за борба против неказнивоста, обезбедување на признавање и надомест на штета на жртвите, креирањето доверба, јакнење на владеењето на правото и да придонесе за помирувањето и не-повторување.

Содржина на документот
Овој документ претставува дел од имплементацијата на Акциониот план на ЕУ за човекови права и демократија -2.015-2019, кој ja истакнува во акција 22 (б) заложбата за развој и спроведување на политиката на ЕУ за транзициска правда. Целта е да се обезбеди рамка за поддршка на ЕУ за преодни механизми и процеси  на правдата и да се зајакне способноста на ЕУ да игра поактивна и поконзистентна улога, како во нашиот ангажман со партнерските земји  така и со меѓународни и регионални организации. Оваа рамка образложува како ЕУ може да  реагира во такви ситуации во кои имаше повреди и злоупотреби, вклучувајќи  големи повреди и злоупотреби на човековите права и тешко кршење на меѓународното хуманитарно право, преку поддржување на комбинација на специфични  мерки со промовирање на вистината, правдата, репарации и гаранции за не-повторување, односно обезбедување на транзициската правда. Ја надополнува постоечката силна политика на ЕУ за поддршка на Меѓународниот кривичен суд и ги зема предвид рамката на ОН и активностите за транзициска правда.Исто така, се  става акцент на тоа како стратегиите за транзициска правда се дизајнирани и имплементирани:
Секој таков процес мора да биде во сопственост на локално и национално ниво, инклузивен, родово сензитивен и да ги почитува обврските на државите според меѓународното право. Поради тоа, учеството на граѓанското општество, жртви, припадниците на малцинските групи, жените и младите во овие процеси, игра важна улога. Транзициската правда се гледа денес, како составен дел на градење држава и градење на мирот и затоа треба да се игра улога и во надминување на кризи, превенција на конфликти, безбедност и развој на ЕУ.

The EU’s Policy Framework on support to transitional justice