Balkan.Perspectives#17

Кога траумата и насилството се манифестираат на одредени места

„Ова се опкружувања кои сè уште не заздравиле со текот на времето, каде влогот на трауматичната меморија остануваат оспорени и каде последиците од она што се случило таму продолжуваат да влијаат на сегашноста“

Почитувани читатели на Балкански.перспективи,

Во Западен Балкан, по насилните конфликти во 90-тите и раните 2000-ти, траумата и насилството се впишаа во мноштво општествени сегменти. Во различни изданија на Балкански.перспективи се дискутираше за политичките, социјалните и културните импликации и потребата од континуирано и критичко размислување за тоа како минатите конфликти влијаеле врз општествата во земјите на поранешна Југославија.

Ова издание на Балкански.перспективи се обидува да додаде уште еден поим на овие дискусии. Балкански.перспективи # 17 „Насилство – траумата и војната во архитектурата и јавните простори” е критичен одраз за тоа како траумата, војната и насилството ја обликуваа непосредната околина, зградите и местата во кои живееме, со што траумата стана дел од нашето секојдневие, придонесувајќи за величање на насилството и етно-националистичките дискурси. Уништувањето на конкретни згради и споменици, местата на културното наследство или јавната инфраструктура беше стратегијата за време на насилните конфликти во регионот. Истражувачите измислиле термини како „урбицид“, „повоени окружувањата (warscapes)“, „меморицид“ или „повоена архитектура (warchitecture) “ за да го опишат овој феномен. Овие термини нагласуваат дека градовите не биле само физички места за борба, „туку архитектурата и урбаниот простор биле прилагодени и како воено оружје“ .

Read more

Уништувањето на нормалниот живот нема да успее!

Во обид да ги дефинираме особините на оваа недостижна пролет 2021 година – со бавното заминување на КОВИД-19 (дали ќе биде еднаш засекогаш?) – чувствуваме стабилен, одлучен, иако не доволно турбулентен, собир на луѓе низ Србија со исто или слично […]

МЕМОРИЈАЛНИОТ КОМПЛЕКС ВРАЦА: Слоеви на меморијата

Photos by: Sabina Hodović Во срцето на Сараево има еден вреден артефакт на колективната меморија, јавен простор кој едноставно нема минато, туку историја: Меморијалниот комплекс Враца. Се состои од меморијален парк од југословенската ера и тврдина од австро-унгарскиот период, а […]

Косовските кина во контекст: репортажа

Моето согледување за односот помеѓу косовските кина, јавните простори, ангажманот на заедницата и справувањето со минатото се заснова на моето континуирано искуство со процесот на заживување на поранешно кино и градење на современа културна институција вклучена во експериментални и уметнички […]

Архитектурата од последните две децении

Во 2014 година напишав текст за Биеналето во Венеција во кој се фокусирав на читањето на историските слоеви на косовските градови и на тоа како повеќето слоеви создадоа сложен резултат на историски, социјални околности, па дури и на политички системи. […]

Урбанизам без почит кон минатото / Скопје – втор дел

После кажанoто „Збогум“и драматичното поентирање во првиот дел,  тешко е да се заклучи дека тоа е се што можеме да кажеме за урбанизмот кој не го почитува минатото во главниот македонски град, Скопје.  Приказната за Скопје е  секако и поголема […]

Меморијализација на сегашноста

Photos by: Adela Jusić Описот на фашизмот од Бенедето Кроче како „современа морална болест“ може да послужи како појдовна точка за размислување за феноменот на масовно подигнување на ревизионистички, негационистички и клерикално-фашистички споменици низ цела Босна и Херцеговина. Овие споменици […]

Урбанизам без почит кон минатото / Скопје

Скопје е значен културно-историски  центар на сопственото географско опкружување низ вековите. Неговиот раст и значење биле непрекинати сè до неговиот зенит, кога градот бил пеплосан од страна на австрискиот генерал Пиколомини во 1689 година, што го исфрла од траекторијата на […]

Четири тези за архитектурата на траума

1 Архитектура и/или револуција? Потрагата по одговори на ова сложено прашање ги постави темелите на модерната архитектура. Како една од најголемите дилеми на 20 век, се размислуваше за луцидни идеи за социјалната улога на архитектурата и за нејзиното фундаментално влијание […]

Импресум 17 – 07/2021

Главен уредник: Александар Војвода

Уреднички тим: Сунита Даутбеговиќ – Бошњаковиќ, Мартин Филиповски, Ана Пејовиќ

Автори: Филип Конески, Ена Кукиќ, Олга Манојловиќ Пинтар, Арбер Садики, Арес Шпорта, Ирена Суботиќ, Нермина Трбоња

Подкасти: Босна и Херцеговина: медиумска платформа Нараториум, Ѓорѓе Крајишниќ, Армина Пилав, Дамир Углјен и Неджад Новалиќ. Косово: ТИИЛТ Радио, Беким Рамку и Сербезе Хаџиај. Северна Македонија: РадиоМОФ, Филип Конески. Србија: Радио емисија Женергија на Радио Аппарат, Зое Гудовиќ, Ива Чуклиќ, Сенка Домановиќ, Оља Николиќ Киа.

Дизајн (Насловна страна): Енвинион

Превод: ЛГБ Комуникации (албански), Луна Ѓорѓевиќ (БХСЦ), Мартина Кимовска (македонски)

Лекторирање: ЛГБ Комуникации (албански), Зинаида Лакиќ (БХСЦ), Жанет Ристоска (македонски)