Balkan.Perspectives #20

Никогаш повеќе …? Западниот Балкан и војната во Украина

Датумот 24 февруари 2022 година означува голема промена во Европа. Од крајот на Втората светска војна, слоганот „Никогаш повеќе!“ ги симболизираше политичките, економските и културните напори за спротивставување на војните и насилните конфликти, националистичките наративи, холокаустот, геноцидот и грубото кршење на човековите права. Овој датум силно ја нагласува европската различност, ја слави инклузивноста, и од нас бара да сме одговорни и да учиме од минатото.

Меѓутоа, руската инвазија на Украина и сликите од Киев, Буча, Мариупол и многу други украински градови, уништувањето, бројот на жртви и приливот на внатрешно раселени лица и бегалци, нè наведува да ја доведеме во прашање способноста на европската и глобалните заедници да ги решаваат конфликтите по мирен пат и да живеат според нивниот стандард „Никогаш повеќе!“. Затоа, ова издание на Балкански.перспективи го дефинира „Никогаш повеќе…?“ како прашање. Од една страна, ова издание се обидува да ги рефлектира искуствата од 1990-тите и раните 2000-ти кога овој консензус не ги исполни сопствените стандарди со насилното распаѓање на поранешна Југославија, со тешки прекршувања на човековите права во Европа од крајот на Втората светска војна, вклучувајќи го и падот на Вуковар, опсадата на Сараево, масакрите за време на војната во Косово и геноцидот во Сребреница.

Read more

Balkan.Perspectives PodCast

The Balkan Perspectives podcast is forumZFD’s audio format on Dealing with the Past and Peace Education in the Western Balkans. The podcast is produced in four languages (Albanian, BHCS, Macedonian and English) by the forumZFD offices in Bosnia and Hercegovina, […]

Ние, за време на војните и по нив

Кога се случуваат војните во светот, како оваа актуелна во Украина, нас, жителите на Балканскиот Полуостров, тоа нѐ потсетува на нашата историја и на несреќите кои секоја генерација ги имала со векови наназад. Ширум нашите терени има споменици, но и урнатини кои секојдневно нѐ […]

Руско-украинскиот судир и фрагилноста на македонскиот политички амбиент

Руската инвазија врз Украина, започната во февруари 2022 година, ја промени политичката клима во Европа и во светот и најави нова ера на односи на глобално ниво, која допрва треба да ги добие своите контури во постконфликтниот процес, и која […]

Феминистичка одговорност и етичка отчетност

Новите војни се сложени. Светот има сè помалку трпение за нијанси, како што е особено очигледно во актуелната војна во Украина. Високо поларизираната медиумска ситуација траеше цела година, дури и пред почетокот на војната во Украина. За време на воените […]

Војната во Украина, стравот што заслепува и неизлечената колективна траума на Балканот

Вестите за колективните негативни настани, како што се војните, многу лесно го наоѓаат патот до нашиот внатрешен свет. Освен што ваквите настани се детално покриени во глобалниот медиумски контекст, еволуцијата нè тера да посветиме повеќе внимание на негативните вести отколку на […]

Ова е втор пат некој да напаѓа градови кои ги чувствувам како мои

За прв пат отидов во Киев во 2015 година. Немаше посебна причина за тоа. Сакам да патувам. Украина беше единствената земја во Европа којашто сè уште не ја бев посетил. Најдов евтина карта, и евтина соба во близина на главниот […]

НИКОГАШ ПОВТОРНО? Од Босна до Украина

Сараево 1992 – Киев 2022 година Сведоци сме дека и 30 години по Сараево 1992 година, идеите за фашизам, омраза и поделби сè уште се многу живи. Жива е и херојската борба за правда, слобода и мир. Граѓаните на Буча, […]

Руската инвазија во Украина буди страв и ретроспективи во Косово

Одлуката на претседателот Владимир Путин да ја нападне Украина на 24 февруари 2022 година, го вчудовиди светот. Тој потег предизвика сеизмички удари низ Европа, а особено во Западен Балкан, регион кој помина низ разорните последици од војната пред само три […]

Во сенката на украинската војна: ретроспективи и идната визија во Косово

Кога Русија ја започна својата инвазија на Украина кон крајот на февруари 2022 година, очите и мислите на целиот свет беа привлечени од ненадејната ескалација на она што речиси цела една деценија беше хибернирачки конфликт, кога станува збор за светските медиуми, и за што беше свесна глобалната публика. Меѓутоа, во војните, […]

Импресум 20 – 07/2022

Главен и одговорен уредник: Александар Војвода

Редакциски тим: Сунита Даутбеговиќ-Бошњаковиќ, Мартин Филиповски, Ана Пејовиќ

Автори: Јасминко Халиловиќ, Ивана Јакшиќ, Ненад Марковиќ, Станислав Петковски-Сашо, Марија Ратковиќ, Фериде Рушити, Велма Шариќ, Висар Џамбази

Поткасти: Босна и Херцеговина: Ослобоѓење КУН, Ѓорѓе Крајишник, Берина Буква и Едвин Канка Ѓудиќ; Косово: Радио ТИЛЛТ, Сербезе Хаџиај и Лулзим Пеци; Северна Македонија: Радио МОФ и Ненад Марковиќ; Србија: радиоемисија „Женергија“ на „Радио апарат“ и Сања Радовиќ

Дизајн (насловна страница): „Енвинин“

Превод: ЛБГ Комуникации (албански), Луна Ѓорѓевиќ (БХЦС), Мартина Кимовска (македонски)

Лекторирање: ЛБГ Комуникации (албански/англиски), Зинаида Лакиќ (БХЦС), Жанет Ристоска (македонски)