Balkan.Perspectives#14

ЕДИТОРИЈАЛ ~ Издание бр. 14 – 04/2020

Драги читатели,

Справувањето со минатото е тешка тема за разработување, особено во регионот на Западен Балкан кој е склон кон конфликти. Пред драматичниот влез на онлајн-платформите во овој регион, сите вистини од конфликтите беа подложни на манипулации од страна на лидерите и нивните пропагандни алатки за заживување на митовите за големите нации. Сега овие вистини се предмет на навистина неопходното критичко размислување и се чини дека социјалните медиуми и медиумските платформите можат да бидат алатки за ремоделирање на овие процеси, особено во поглед на транспарентноста и проверката на фактите. Сепак, онлајн-сферата има свои недостатоци, особено кога третира чувствителни теми како оние што се однесуваат на минатото на конфликтите. Природата на интернетот кој е „слободен за сите“ и инстантните платформата кои ни се достапни на социјалните медиуми, овозможуваат секој да може да напише, да објави или да сподели секакво мислење за кое смета дека е „вистина“, а со тоа и брзо да стигне до голема публика.

Read more

Блиски но непознати

Фотографија: Fahri Hiseni Секогаш е тешко да се коментираат меѓуетничките односи во едно општество, особено кога се коментираат од балканска призма. Една од причините е историскиот контекст на државите што се дел од овој полуостров. Ако се осврнеме на далечното […]

Социјалните медиуми и порталите – Простор за надминување или засилување на предрасудите?

Фотографија: Katerina Smileva Дилемата за тоа дали социјалните медиуми имаат повеќе позитивно или негативно влијание ќе трае додека истите постојат. Факт е дека Фејсбук, Твитер, Инстаграм и останатите мрежи го сменија начинот на живот. Но, исто така, го сменија и […]

Улогата на социјалните медиуми во афирмирање на ревизионизмот, препишување на минатото и културата на заборавот

Социјалните медиуми се моќна алатка на 21 век. Иако нивните позитивни аспекти се многубројни, тие честопати се злоупотребуваат и се користат за пропаганда и манипулација. Голем број лаги, дезинформации и инсинуации стигнуваат до голем број луѓе преку социјалните мрежи. Ова […]

Во стапицата на лажните вести

Фотографија:Фитим Гаши Предупредување за вознемирувачка содржина: Овој напис содржи описен јазик за прикажување на сексуалното насилство врз жените кое се случило за време на војната во Косово. Пратеничка предизвика скандал со фотографија на денот кога Собранието на Косово ја усвои […]

Судските процеси завршуваат – сега што?

Фотографија: Јована Прусина Кога зборуваме за транзициска правда, зборуваме и за кривична правда, за жртви и сведоци, за исчезнати и внатрешно раселени лица и нивните семејства, за масовни гробници и право на вистината, за репарации, лустрации и друго. Војната навлегува во […]

Секојдневно соочување со сопственото болно минато: предизвиците на справувањето со минатото во дигиталното време

Фотографија: Бесникe Салиху Дигиталната ера ги воведе онлајн-медиумите и платформите за социјално вмрежување, кои го олеснија добивањето на повеќе  информации во реално време, поттикнаа поголема поврзаност, ги зближија луѓето и создадоа алтернативни начини за вмрежување и комуницирање. Сето ова се позитивни […]

Справување со минатото во времето на социјалните медиуми

„Справувањето со минатото се однесува на процесите за соочување со насилното минато, што значи насилство врз сите жртви без оглед на нивната етничка, политичка или друга припадност. Справувањето со минатото се случува во секое општество на различни нивоа: на ниво […]

Сеќавајќи се на минатото преку социјалните медиуми

Фотографија: Владан Чукановиќ Честопати, социјалните медиуми ги третираме како нешто ново, па дури и непознато, и покрај тоа што повеќе од една деценија се дел од нашите животи. Уште од моментот кога оваа моќна иновација влезе на Балканот, таа стана простор […]

Импресум ~ Издание бр. 14 – 04/2020

Главен и одговорен уредник: Ванеса Робинсон-Конлон

Уредувачки тим: Сунита Даутбеговиќ-Бошњаковиќ, Мартин Филиповски, Срѓан Херцигоња, Вјолца Ислами Хајрулаху, Нехари Шари

Автори: Беснике Салиху, Белма Буљубашиќ, Фитим Гаши, Фахри Хисени, Јована Прусина, Катерина Смилева, Срѓан Пухало, Владан Чукановиќ

Дизајн (насловна страна): Енвион

Превод: ЛБГ комуникации (на албански јазик), Луна Ѓорѓевиќ (БХС), Мартина Кимовска (на македонски јазик)

Лектура: ЛБГ комуникации (на албански јазик), Зинаида Лакиќ (БХС), Жанет Ристоска (на македонски јазик), Лорен Хана (на англиски јазик)