Balkan.Perspectives#15

(Пре)пишување на историјата на Западен Балкан

Во претходните изданија уредничкиот тим на Балкански.перспективи ви укажа како и зошто историјата во регионот на Западен Балкан се оспорува, се побива и се инструментализира. (Пре)пишувањето на историјата не е неутрален, туку намерен политички процес кој се обидува да утврди реалности и наративи и ги рефлектира односите на моќта во различни временски периоди. Во овој поглед, историскиот ревизионизам и негирање не можат да бидат само нормализирање на моноперспективните историски наративи. Историскиот ревизионизам има потенцијал да изгради подлога што ги побива основните демократски достигнувања, ги оживува авторитарните тенденции и дискредитира иницијативи што го оспоруваат есенцијалниот поглед на идентитетите и општествата преку инструментализација на историските дискурси. Во таквите случаи, создавањето на „НИЕ“ ги придушува гласовите во процесот на клучната историзација на заедничкото минато на сметка на создавањето на „ДРУГИТЕ“.

Read more

Условeноста на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) и усогласеноста на Македонија

Со создавањето на регионални организации за спроведување на стандардите за демократија, човекови права и владеење на правото од страна на Европа, се очекуваше дека масовните злосторства слични на оние кои се случија за време на Втората светска војна нема да […]

Историски ревизионизам во Босна и Херцеговина

Веќе подолго време историјата не е само наука за минатото, туку и алатка која политичките елити ја користат за да ги постигнат своите политички цели. Оваа злоупотреба на минатото е очигледна и во Босна и Херцеговина. Можеби не до степен […]

Преобликување на минатото во јавниот простор: случајот со Мостар

Социјалните промени, особено оние кои се резултат на конфликт, ги поттикнуваат заедниците и поединците да се преиспитуваат кому припаѓаат и зошто, и која е основата на нивниот идентитет. Тоа претставува плодна почва за ревизионизам бидејќи прашањето за припадност – особено […]

Нема земја за стари луѓе

Четиринаесет години по усвојувањето на Законот за рехабилитација од 2006 година, тешко може да се најде надлежен суд во Србија кој не донесувал пресуди според горенаведениот закон.[1] Сепак, во овој напис посебно внимание ќе се посвети на работата на Окружниот […]

Историскиот ревизионизам како платформа за национализам и пречка за траен мир на Западен Балкан

Интелектуалните елити беа клучен фактор во конституирањето на националната свест и идеологијата на политичкиот национализам во Европа во 19 век. Постојат многу докази за главната улога која ја имале интелектуалците, пред сè историчарите, и при генерирање и при ширење на […]

Потреба од ревидирање на наставата по историја

Постои константно, неискажано, но имплицитно определување на историјата и како наука и како наставна тема која треба да биде подложена на постојано ревидирање. Ова определување претворено во постулат се зема здраво за готово и од вистинските научници и истражувачи, и […]

Измени во учебниците по историја се предуслов за нормализирање на односите

Оваа статија има  цел да обрне внимание врз пристапот на учебниците за основните и средните училишта во Косово и во Србија, одобрени од ресорните министерства за образование, во врска со настаните во Косово во временска рамка од скоро еден век […]

Методија Андонов-Ченто Херој/предавник/херој

Крајот на Втората светска војна доведе до остварување на долгогодишниот сон на македонскиот народ за создaвање на сопствена држава. Имено, на Првото заседание на АСНОМ беше прогласена првата македонска држава. На истото заседание на АСНОМ беше избран и Президиумoт (Претседателството) […]

Импресум ~ Издание бр. 15 – 12/2020

Уредник: Александар Војвода

Редакција: Сунита Даутбеговиќ – Бошњаковиќ, Мартин Филиповски, Срѓан Херцигоња, Вјолца Ислами Хајрулаху, Нехари Шари

Автори: Миливој Бешлин, Лејла Гачаница, Шкелзен Гаши, Хуснија Камберовиќ, Марко Кртолица, Сања Петровиќ Тодосијевиќ, Арбер Салиху, Наташа Стаменковиќ

Дизајн (насловна страна): Енвинион

Превод: ЛБГ Комуникации (албански), Ивана Радовиќ (БХС), Мартина Кимовска (македонски)

Лектура: ЛБГ Комуникации (албански), Зинаида Лакиќ (БХС), Жанет Ристоска (македонски)