Balkan.Perspectives#16

Што ако му се дадеше шанса на Мирот?

„Многу добро се сеќавам на едно прашање на прес-конференција, на која еден новинар праша зошто сме снимиле антивоена песна кога војната е завршена, алудирајќи на тоа дека конфликтите во Хрватска се смируваа. Тоа навистина ми остана во сеќавање бидејќи јас не гледав на тоа така, јас гледав дека најтешката војна допрва се подготвува.“
Срѓан Гојковиќ Гиле, член на њу-вејв групата „Електрични оргазам“[1]

Во 2021 година се одбележува 30-годишнината од настаните што доведоа до насилно распаѓање на Југославија. Наративите за насилство и војна сè уште одекнуваат во регионот на Западен Балкан преку етноцентричните политики, ревизионистичкото прераскажување на историјата, негирањето на воените злосторства, националистичката политика и занемарувањето на важноста на справувањето со ова заедничко минато.

Read more

Концерт „Јутел за мир“, Бања Лука, 24 август 1991 година

Фотографии: Приватна архива (Саша Обрадовиќ) Приватна архива (Немања Шордиќ Шорда) Мај 1988 година. Плоштад пред стоковната куќа „Бошка“. Плоштадот именуван по Едвард Кардељ, еден од најважните и најпознатите политичари од времето на социјалистите и близок соработник на Јосип Броз Тито. […]

Културата на отпорот и културата на сеќавањето

Една војна веќе беше завршена (Словенија, јуни 1991 година), кога започна да се случува другата во Хрватска. Веќе ги имавме  видено падот на Дубровник, на Вуковар и  поворката бегалци, кога започна тестирањето на барикадите во градот, во Сараево, поради што […]

Кон 30. годишнината од Антивоената кампања во Хрватска

Без оглед на тоа како ќе бидат решени конфликтите, луѓето од овие области ќе продолжат да живеат заедно. На сите ни треба мир; затоа, сите мора да работиме на развој на демократијата и постигнување економска, социјална и еколошка благосостојба. Нашите […]

Македонските 1980-ти и 90-ти години на минатиот век: оаза на мирот?

Наум Трајановски: дипломец на Школата за социјални истражувања, Полска академија на науките Со цел подобро да се разберат случувањата во Македонија во предвечерието и за време на југословенските војни, ќе биде добро за читателот накратко да се запознае со македонските […]

Антивоеното движење и жените во Србија во текот на 90-тите години на минатиот век

Само краток поглед на достапните податоци во врска со антивоеното движење за време на распадот на Југославија, помеѓу 1991 – 1999 година, ќе нѐ натера да заклучиме дека, во најголем дел, тоа било иницирано и спроведено од жените. Во поддршка […]

Протести на жените на Косово во 90-тите години на минатиот век: Приказната за Иго Рогова

Неколку години, Албанците се соочуваа со континуирана окупација и кршење на правата на работа, слобода на јазик, собирање, музика и движење. Сепак, ова стана полошо под угнетувачката политика на режимот на Милошевиќ. Во 1998 година, ситуацијата стана од лоша полоша. […]

Изложба „Податоци: Март“ – Протести и активизам на жените на Косово

Фотографија: Ardit Hoxha and Majlinda Hoxha Феминистичкиот активизам има долга историја на бришење и маргинализација. Историската амнезија ги обвива движењата на жените и секој обид за откривање на нивните генеалогии и искуства сам по себе претставува чин на интервенција. Сепак, детерминирањето […]

Impressum 16 – 05/2021

Editor in Chief: Alexander Vojvoda

Editorial Team: Sunita Dautbegović-Bošnjaković, Martin Filipovski, Ana Pejović

Authors: Daša Duhaček, Nađa Duhaček, Linda Gusia, Jelena Jevđenić, Suada Kapić, Nikola Mokrović, Igo Rogova, Naum Trajanovski, Mišo Vidović

Podcasts: Bosnia and Hercegovina: media platform Naratorium, Đorđe Krajišnik and Jadranka Miličević. Kosovo: TILLT Radio team, Marigona Shabiu from YIHR Kosovo and Serbeze Haxhiaj. North Macedonia: Radio MOF, Jasmina Jakimova and Naum Trajanovski. Serbia: radio show Ženergija on Radio Aparat, Zoe Gudović, Staša Zajović, Dragan Protić  (Prota Škart), Nataša Kandić, and Nikola Barović.

Design (Cover page): Envinion

Translation: LBG Communications (Albanian), Luna Đorđević (BHCS), Martina Kimovska (Macedonian)

Proofreading: LBG Communications (Albanian/English), Zinaida Lakić (BHCS), Zanet Ristoska (Macedonian)